мини|298x298пкс|Граничен патролен брод на Крајбрежната стража на ФСБ на Русија „Воровски“ (од проект 11351) на Северно-тихоокеанскиот форум на службите за крајбрежна стража, Сиетл (26 август 2009 г.). Крајбрежна стража — специјализирана воена служба на голем број држави, наменета за контрола врз почитувањето на правниот режим на територијалните и внатрешните води, поморската економска зона и континенталниот гребен под надлежност на државата, за обезбедување безбедност на пловидбата во територијалните води, за давање помош на пловила и летала во неволја, за метеоролошки извидувања, за заштита на риболовот, како и за борба против шверцот.

За извршување на задачите, тие користат патролни бродови, мразокршачи, реморкери, патролни чамци, авиони и вртолети.

Во некои држави, крајбрежната стража во време на војна е резерва на морнарицата (на пример, Крајбрежната стража на САД).

Во време на војна, крајбрежната стража се ангажира за противподморничко војување, заштита на крајбрежните комуникации и крајбрежјето, одбрана на акваториите на базите, пристаништата и местата за сидрење, како и за спроведување операции за потрага и спасување.

Улога Меѓу надлежностите што можат да ѝ бидат доверени на службата на крајбрежната стража се:

потрага и спасување, спроведување на поморското право, безбедност на пловилата, одржување на поморските знаци, и гранична проверка.

Во воено време, некои национални организации на крајбрежна стража можат да имаат улога на резервна поморска сила со надлежности во одбраната на пристаништата, безбедност на пристаништата, поморска противразузнавачка дејност и крајбрежни патроли. Некои служби на крајбрежна стража, како што е Ирската крајбрежна стража, имаат само многу ограничена улога во законоспроведувањето, обично во законоспроведувањето за поморска безбедност, како на пример преглед на бродови закотвени во нивната надлежност.

Наводи

Надворешни врски

Download records of service of the UK Coastguard 1816-1947 Coast Guard Navik DB Admit Card 2020

Категорија:Крајбрежни стражи Категорија:Поморски поими Категорија:Поморски занимања __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__