Капитен Цубаса (, ) — јапонска манга напишана и илустрирана од Јоичи Такахаши. Серијата главно се врти околу спортот фудбал, сосредоточувајќи се на Цубаса Озора и неговиот однос со другарите, соперништвата со противниците, тренинзите, натпреварите, како и акцијата и исходот од секој фудбалски натпревар. Низ многубројните серии на Капитен Цубаса, приказната го прикажува развојот на Цубаса и неговите пријатели додека се соочуваат со нови соперници.

Мангата Капитен Цубаса првично била објавувана во шонен-списанието за манга на Shueisha, Weekly Shonen Jump, помеѓу 1981 и 1988 г., со поглавја собрани во 37 тома танкобон. По неа следеле разни манга-продолженија. Изворната манга била адаптирана во аниме-серија од Tsuchida Production и прикажувана на TV Tokyo од 1983 до 1986 г. Бројни филмови и телевизиски серии следеле, од кои последната била прикажувана помеѓу 2018 и 2019 г.; втората сезона имала премиера во 2023 г.

До 2023 г., вкупната манга имала над 90 милиони примероци во тираж низ целиот свет, што ја прави една од најпродаваните манги на сите времиња. Капитен Цубаса станала една од најпопуларните манги и анимеа низ светот, особено во Јапонија, поради начинот на кој го популаризирал фудбалот. Бројни фудбалери од вистинскиот живот биле вдахнати да станат професионалци по гледањето на серијата. Во анкета спроведена од TV Asahi во 2005 г., аниме серијата Капитен Цубаса се нашла на 41-то место на списокот на 100-те најдобри аниме-серии.

Содржина Серијата главно се врти околу спортот фудбал, сосредоточувајќи се на Цубаса Озора и неговиот однос со другарите, соперништвата со противниците, тренинзите, натпреварите, како и акцијата и исходот од секој фудбалски натпревар.

Наводи

Надворешни врски

Official website Official page at Manga Plus Official anime page at TV Tokyo Flash Kicker, a.k.a. Captain Tsubasa, at Enoki Films Captain Tsubasa ~Road to Dream~ at Enoki Films

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Манга од 2000 година Категорија:Манга од 2005 година Категорија:Манга од 1994 година Категорија:Манга од 2013 година Категорија:Манга од 2001 година Категорија:Манга од 2010 година Категорија:Манга од 2009 година Категорија:Аниме-филмови Категорија:OVA