мини|258x258пкс|Борба во Cossacks: European Wars Стратегиска компјутерска игра (разговорно: „Стратегија“) — еден од основните жанрови компјутерски игри, во кој играчот за да победи треба да применува стратешко размислување. Во популарните игри од овој жанр, на играчот често му се нуди да игра не за одреден лик, туку за нивни условни маси, на пример, да раководи со изградба на град или да заповедува со цели армии во воени кампањи.
Иако и игрите од многу други жанрови можат да содржат стратешки елементи, во самите стратегиски игри главното внимание се посветува на планирање на највисоко ниво, логистика и управување со ресурси. Стратегиите обично се делат на две основни поткатегории: потезни и во реално време, но има и голем број на вкрстени/поджанрови на стратегии што содржат дополнителни елементи како што се тактика, дипломатија, економија и истражување.
Во стратегиските игри спаѓаат и апстрактни (Ataxx), столни (шах, дама, „Монопол“), со симулација на менаџмент (M.U.L.E., Spaceward Ho!) и други; одликите на некои од нив биле преземени од развивачите на компјутерски стратегии со заплет во реалистична, историска или фантастична средина.
Доживување Играчот мора да испланира серија на дејства против еден или повеќе противници, а намалувањето на непријателските сили обично е цел. Победата се постигнува преку супериорно планирање, а елементот на случајност има помала улога.
Во повеќето стратегиски компјутерски игри, на играчот му се дава поглед на светот на играта од божествено гледиште и посредно ги управува единиците на играта под негово заповедништво. Така, повеќето стратегиски игри вклучуваат елементи на војување во различен степен, и содржат комбинација од тактички и стратешки размислувања. Покрај борбата, овие игри често ја предизвикуваат способноста на играчот да истражува или да управува со економија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Жанрови на видеоигри
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__