Трпо Зограф од Корча бил истакнат зограф (иконописец и фрескоживописец) од почетокот на XIX век, активен во регионот на југозападна Македонија и околината на Корча (денес во Албанија).

Биографија лево|мини|Седмочислениците, фреска изработена од Трпо Зограф во манастирот св. Наум Татко му и стрико му, зографите Константин и Атанас, потекнувале од Поткожани, село во близината на Свети Наум и Подградец. Преселени во Корча, тие се претставувале како жители на овој град, а според својот занает го добиле и го прифатиле презимето на целото семејство – Зографи.

Откако игуменот на манастирот св. Наум, Стефан, во улога на ктитор, во 1799 година го подигнал гробниот параклис на св. Наум, тој бил фрескоживописан од Трпо Зограф во 1800 година, со средства на Наум Јоанов од Москополе. Шест години подоцна, тој ги насликал и фреските во целата манастирска црква. Во тоа време, Трпо Зограф уживал голем углед на прв мајстор во југозападна Македонија и во албанскиот регион околу Корча, каде што живеело и неговото семејство, а нивните изработи се присутни дури и во некои манастири на Света Гора.

Категорија:Зографи