Икома-Лоис Опенда (роден на 16 февруари 2000 во Лиеж) — белгиски фудбалер, напаѓач на Олимпик Лион, на заем од Јувентус, и на белгиската репрезентација.
Биографија Роден е во Лиеж, Белгија, од татко конгоанец и мајка мароканка.
Технички карактеристики Физички силен напаѓач, иако не е особено висок, кој претпочита да се движи низ целиот напаѓачки фронт; тој има одлична брзина и добра индивидуална техника.
Клупска кариера Почетоци и Клуб Бриж thumb|left|Опенда (десно) со Клуб Бриж против Салцбург во УЕФА Лига Европа во 2019 Опенда играл како младинец за Патро Оте и РФК Лиеж, пред да се приклучи на младинската академија на Стандард.
Во 2015 година, Опенда се преселил во академијата на Клуб Бриж, клубот со кој го имал своето деби како професионалец на 10 август 2018 година, за време на натпреварот од Белгиската Про лига против Кортрејк во кој го заменил Јеле Восен по 80 минути игра. На 18 септември 2018 година, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи повторно како замена за Восен во поразот со 1-0 на домашен терен од . Својот прв гол за клубот го постигнал на 3 февруари 2019, во натпреварот од првенството против , кој завршил без победник 1-1.
Заемот во Витесе На 21 јули 2020 година, Опенда се приклучил на холандскиот клуб Витесе во Ередивиси, на позајмица до крајот на сезоната. Својот прв гол за клубот го постигнал на 3 октомври, во победата од 3–0 над Хераклес Алмело. За време на својот престој во Витесе, тој му помогнал на клубот да стигне до финалето на Купот на Холандија, каде загубиле со 2–1 од Ајакс, пришто Опенда го постигнал единствениот гол за тимот од Арнхем. По позитивната прва сезона, која ја затворил со 38 настапи и 13 гола комбинирано меѓу првенството и купот на Холандија, во јуни 2021 година, позајмицата на Опенда во клубот била продолжена за уште една сезона.
Во втората сезона, Опенда се претставил уште подобро: со 18 постигнати гола, тој бил втор најдобар стрелец во првенството зад Себастjeн Але, помагајќи му на Витесе да го освои шесттото место на крајот на сезоната во Ередивиси. Тој, исто така, постигнувал голови во меѓународното натпреварување, Лигата на конференциите, каде Витесе бил елиминиран во осминафиналето од Рома. thumb|200px|right|Опенда со Ланс во мај 2023
Ланс На 6 јули 2022 година, Опенда потпишал петгодишен договор со францускиот клуб Ланс. Своето деби за клубот го направил на 7 август 2022, играјќи како стартер во победата со 3-2 на домашен терен над во Лига 1. Својот прв гол во дресот на Ланс го постигнал на 20 август, во победата со 4-1 на гостувањето кај . На 28 октомври, тој постигнал хет-трик за Ланс во победата од 3–0 над Тулуза. По осум натпревари во низа без да постигне гол, на 12 март 2023 година, Опенда го постигнал најбрзиот хет-трик во Лига 1 во рок од само четири минути и 30 секунди (од 31-вата до 35-тата минута), при победата од 4–0 на гости над Клермон, соборувајќи го претходниот рекорд на Мат Мусилу.
РБ Лајпциг thumb|200px|left|Опенда играјќи во дресот на РБ Лајпциг Во јули 2023 година, тој бил купен од Ред Бул Лајпциг за 42 милиони евра, станувајќи најскапо платениот играч во историјата на германскиот клуб. На 19 август, тој го постигнал својот прв гол на своето деби во Бундеслигата во поразот од 3–2 од Бајер Леверкузен. На 4 октомври, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во поразот од 1–3 на домашен терен од Манчестер Сити. На 28 ноември, Опенда постигнал два гола и на Етихад против Манчестер Сити, иако неговиот тим повторно загубил со 3–2. Својата прва сезона во Бундеслигата, Опенда ја завршил како најдобар стрелец на Лајпциг со 24 постигнати гола, единствено Хари Кејн и Серу Гираси постигнале повеќе од него.
Следната сезона, поради кризата во резултатите на клубот во првенството, перформансите на Опенда, исто така опаднале, и тој ја завршил сезоната со 9 гола. Сепак, на 31 август 2024 година, Опенда постигнал два гола против Баер Леверкузен во победата од 3–2 на гостински терен, со што ја прекинал нивната серија без пораз во Бундеслигата која траела 15 месеци.
Јувентус и Олимпик Лион На 1 септември 2025, тој направил трансфер во , преку позајмица со обврска за откуп во вредност од 40 милиони евра. На 13 септември, го имал своето деби во Серија А во победничкото Дерби на Италија против Интер (4-3), влегувајќи како замена за Тен Копмејнерс во второто полувреме. На 25 ноември 2025 година, тој го започнал натпреварот против Боде/Глимт во Лигата на шампионите и го постигнал својот прв гол за Јувентус, за привремен резултат 1-1 во натпреварот кој подоцна „бјанконерите“ го добиле со 2-3. На 20 декември, го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата од 2-1 против Рома, во која неговиот гол им донел водство на „бјанконерите“ од 2-0. Сезоната ја завршил далеку под очекувањата, постигнувајќи само два гола во 34 настапи во сите натпреварувања.
На 28 јули 2026, Опенда му се приклучил на Олимпик Лион на позајмица до крајот на сезоната, платена 3.5 милиони евра.
Репрезентативна кариера Опенда минал низ сите белгиски младински репрезентации. На 6 септември 2019 година, тој го имал своето деби за белгиската репрезентација под 21 година, играјќи како стартер во поразот со 1-0 од Велс во натпревар важечки за квалификациите за Европското првенство под 21 година 2021. На 15 октомври, тој го постигнал и својот прв гол за репрезентација, во победата од 4-1 на домашен терен против Молдавија во веќе споменатите квалификации.
Во квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2023, Опенда постигнал гол во секој од шестте натпревари во кој настапил - вклучително и два гола во победата со 3-0 над Турција - придонесувајќи значително за пласманот на репрезентацијата на првенството. Тој бил повикан и настапил и на завршниот турнир одржан во Грузија и Романија, каде Белгија го завршила својот пат после групната фаза.
thumb|left|Опенда (лево) играјќи за против на СП 2022 На 8 јуни 2022 година, Опенда дебитирал за сениорската репрезентација на Белгија во победата од 6-1 против во Друштвото на народите, постигнувајќи и еден гол на тој натпревар.
Кон крајот на истата година, бил повикан од селекторот Роберто Мартинес во составот на „Црвените ѓаволи“ за Светското првенство 2022 во Катар. Својот единствен настап на турнирот го имал во првиот натпревар во групата, победата со 1-0 над , влегувајќи како замена на местото на стрелецот на единствениот гол Миши Батшуаји. Сепак, Белгија не успеала да ја мине групната фаза.
Две години подоцна, Опенда бил повикан во репрезентацијата за Европското првенство 2024 во Германија од новиот селектор Доменико Тедеско. Таму одиграл три натпревари, вклучително и осминафиналето (како стартер), во кое Белгија загубила со 1-0 од со што го завршила своето учество.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 1 август 2026.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2018-2019 Клуб БрижПЛ 20 4 КБ 1 0 ЛШ+ЛЕ 5+2 0 СБ 0 028 42019-2020ПЛ150КБ30ЛШ73 настапи во квалификациските кола11 гол во квалификациските кола - - -251Вкупно Клуб Бриж35440141005352020-2021 ВитесеЕ3310КХ53 - - - - - -38132021-2022Е33+418+1 КХ 2 1ЛК114 - - -5024Вкупно Витесе702974114--8837 2022-2023 Л1 38 21 КФ 4 0 - - - - - - 42 21 2023-2024 РБ Лајпциг БЛ 34 24 КГ 2 0 ЛШ 8 4 СГ 1 0 45 28 2024-2025 БЛ 33 9 КГ 4 3 ЛШ 8 1 - - - 45 13 јул.-сеп. 2025 БЛ 2 0 КГ 1 0 - - - - - - 3 0Вкупно РБ Лајпциг 69 33 7 3 16 5 1 0 93 41 сеп. 2025-2026 А 24 1 КИ 2 0 ЛШ 8 1 - - - 34 2 2026-2027 Л1 0 0 КФ 0 0 ЛШ 11 настап во квалификациските кола 0 - - - 1 0Вкупно во кариерата 236 88 24 7 50 11 1 0 311 106
Репрезентативна статистика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Белгија2022622023802024121202510Вкупно273
Хет-трикови Хет-триковиДатаМестоЕкипаПротивникГоловиРезултатНатпреварувањеИзвештај1 28/10/2022 Стад Болар-Делели, Ланс 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 3 - 0 Лига 1 2022-2023 Извештај2 12/03/2023 Стад Габриел Монпје, Клермон 12px|Гол 12px|Гол 12px|Гол 0 - 4 Лига 1 2022-2023 Извештај
Титули Клупски Клуб Бриж Белгиско првенство : 1 2019-2020 Суперкуп на Белгија : 1 2018
РБ Лајпциг Суперкуп на Германија : 1 2023
Наводи
Надворешни врски
Лоис Опенда на soccerway Лоис Опенда на transfermakt Лоис Опенда на espn Лоис Опенда на whoscored
Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Витесе Категорија:Фудбалери на ФК Ланс Категорија:Фудбалери на РБ Лајпциг Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 2000 година