Даниел „Дани“ Мусовски (роден на 30 ноември 1995 година, во Хендерсон) — американскo-македонски фудбалер, напаѓач на Сиетл Саундерс и на македонската репрезентација.
Биографија Мусовски е роден во Хендерсон, Невада, од родители со македонско потекло од околината на Прилеп.
Во април 2025 година, тој се верил со својата девојка Ники Класен.
Клупска кариера На 10 јануари 2018 година, Мусовски бил избран како вкупно 30-ти пик на МЛС Супердрафтот 2018 од Сан Хосе Ертквејкс. Тој потпишал договор со клубот на 1 март 2018 година и веднаш бил позајмен на филијалата на Сан Хозе во УСЛ лигата, Рино 1868, заедно со соиграчот исто така избран на Супердрафтот, Мохамед Тиао. Своето деби како професионалец, Мусовски го имал влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Крис Вехан во поразот на Рино со 4–3 од Свуп Парк Ренџерс на 17 март 2018 година. Својот прв професионален гол го постигнал веќе во својот втор настап на 24 март 2018 година, во ремито 1–1 против Лас Вегас Лајтс, натпревар во кој подоцна бил исклучен. Мусовски бил отпуштен од Сан Хосе по завршувањето на сезоната 2018.
На 17 јануари 2019 година, Мусовски трајно му се приклучил на Рино 1868, каде на 23 натпревари постигнал 11 гола во УСЛ.
На 10 декември 2019 година, Мусовски потпишал договор со ФК Лос Анџелес, со што добил нова шанса да игра во МЛС. Тој го имал своето деби за клубот на 13 јули 2020 година, во натпревар против Хјустон Дајнамо во рамките на „МЛС се враќа“ турнирот влегувајќи како замена за Адама Диоманде во 79-тата минута. На 2 септември 2020 година, Мусовски го постигнал својот прв гол за Лос Анџелес во победата од 5–1 над неговиот поранешен клуб Сан Хосе Ертквејкс. На 11 октомври 2020 година, Мусовски постигнал два гола во победата од 3–1 над Сиетл Саундерс.
Во јуни 2021, Мусовски заедно со уште 4 играчи на Лос Анџелес бил позајмен во Лас Вегас Лајтс. Својот прв гол за клубот го постигнал во поразот со 3-1 од Сакраменто Репаблик во УСЛ. Откако во текот на летото одиграл 12 натпревари и постигнал 5 гола за Лајтс, тој се вратил во Лос Анџелес каде ја пренесол добрата форма постигнувајќи 4 гола до крајот на сезоната.
Својот прв гол во МЛС во сезоната 2022, Мусовски го постигнал на 24 април, кога влегувајќи од клупата за резерви во 72-рата минута само седум минути подоцна го постигнал победничкиот погодок за Лос Анџлес во гостинската победа со 1-2 над . На 30 јуни 2022, го постигнал вториот гол за сезоната во победата со 3-1 над . На 3 август 2022 година, Мусовски бил продаден на во замена за 250.000 долари од парите за општа распределба. Првиот гол за новиот клуб го постигнал на 21 мај 2023, во победата со 2-3 на гости против . Откако во сезоната 2023 одиграл 24 натпревари во МЛС и постигнал 5 гола, неговата опција за продолжување на договорот била одбиена од клубот на крајот од сезоната 2023; според Мусовски, преговорите за обнова на договорот пропаднале, затоа што тој се повредил и не играл на неколку натпревари во втората половина од сезоната.
На 1 февруари 2024 година, Мусовски како слободен играч потпишал за . Во својата прва сезона, Мусовски најчесто бил трета опција во нападот зад Раул Руидијас и Џордан Морис и најчесто бил користен како замена од клупата, постигнувајќи само еден гол (против Ертквејкс во поразот со 3-2) во 24 натпревари во МЛС. Исто така, постигнал еден гол и во купот против Луисвил Сити. Следната сезона била најдобрата во кариерата на Мусовски; откако Руидијас го напуштил клубот, а Морис го измачувале повреди, тој ја добил битката со новото засилување Хесус Фереира изборувајќи се за местото стартен напаѓач на Саундерс. Својот прв гол во 2025 го постигнал во победата со 0-1 на гости против Далас. Погодокот го означил почетокот на една импресивна серија од пет натпревари по ред во кои постигнувал гол, станувајќи само четвртиот играч во историјата на клубот кој го сторил тоа по Обафеми Мартинс, Фреди Монтеро и веќеспоменатиот Руидијас.
Репрезентативна кариера Откако во фервуари 2026, Мусовски прифатил да игра за македонската репрезентација, следниот месец, тој официјално бил повикан за плејоф натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2026. Своето деби го направил на 26 март 2026, во поразот со 4-0 од во Копенхаген, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Елмин Растодер во 77-мата минута.
Хронологија на репрезентативните настапи
Титули Сиетл Саундерс Куп на лигите : 1 2025
Наводи
Надворешни врски
Дани Мусовски на soccerway Дани Мусовски на transfermarkt
Категорија:Американски фудбалери Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Сан Хосе Ертквејкс Категорија:Фудбалери на ФК Лос Анџелес Категорија:Фудбалери на ФК Реал Солт Лејк Категорија:Фудбалери на ФК Сиетл Саундерс Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Американци со македонско потекло