Сика Врангалова Јаничоска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Како ученичка во кавадаречката гимназија се истакнала по својата активност и во септември 1942 година била примена за член на СКОЈ. Учествувала во гимназиските штрајкови 1942-1943 година што биле организирани против училишните власти. Опфаќала напредни младинци, собирала народна помош, растурала летоци во градот и гимназијата, ги бојкотирала фашистичките организации „Браник“, „Легионар“ и други. Во гимназијата раководела со воспитна скоевска група. Во септември 1944 година била избрана од редот на активистите во Кавадарци за учителка и била испратена во селото Бегниште.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ