мини|Вилијам Холман Хант, Светлината на светот, 1853-1854, масло на платно, 59,8 см x 125,5 см, колеџ Кебл, Оксфорд мини|Вилијам Холман Хант, Светлината на светот, 1851-1856, 49,8 см х 26,1 см, со рамката 77 см х 54 см, Манчестерска уметничка галерија, реф. 1912.53. мини|Вилијам Холман Хант, Светлината на светот, 1900–1904, масло на платно, 304,8 см x 193 см, реф. 8190, Дар од сер Чарлс Бут, 1908, катедрала „Свети Павле“, Лондон. „Светлината на светот“ (1851–1853) — алегориска слика од англискиот прерафаелитски уметник Вилијам Холман Хант (1827–1910), која го прикажува ликот на Исус како се подготвува да затропа на обрасната и долго неотворена врата, како што е опишан во Откровението на Јован: „Еве, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со мене.“ Според Хант, „Ја насликав сликата со она што мислев, иако бев недостоен, дека е божествена заповед, а не само добар предмет.“ Вратата на сликата нема рачка и затоа може да се отвори само одвнатре, што претставува „тврдоглаво затворен ум“. Сликата од многумина се смета за најважната и културно највлијателна претстава на Христос од своето време.
Варијанти Се вели дека изворната слика била насликана ноќе во импровизирана колиба на фармата Ворчестер Парк во Сари и во градината на Оксфорд јуниверзити прес, а се смета дека Хант ја пронашол светлината што му била потребна крај Витлеем при една од неговите посети на Светата земја. Тој ја започнал сликата во масло на платно околу 1849 или 1850 година и ја завршил во 1853 година. Била изложена во Кралската академија во 1854 година, а сега се наоѓа во страничната капела на колеџот Кебл, Оксфорд. Сликата му била подарена на колеџот од Марта Комб, вдовица на Томас Комб, печатар на Универзитетот во Оксфорд, трактариец и покровител на прерафаелистите, во годината по неговата смрт во 1872 година, за да ја изложи во капелата (изградена 1873–1876), но архитектот на зградата, Вилијам Батерфилд, се спротивставил и не прецизирал ништо во својот план. Кога универзитетската библиотека се отворила во 1878 година, таа била сместена таму, а на сегашното место била преместена дури по изградбата на странична капела, во раздобјето од 1892 до 1895 година, од друг архитект, Џ. Т. Миклтвејт.
Втора, помала верзија на делото, насликана од Хант помеѓу 1851 и 1856 година, е изложена во Уметничката галерија Манчестер Сити во Англија, која ја стекнала во 1912 година. Постојат мали разлики помеѓу оваа и првата верзија, како што се аголот на гледање и драперијата на аголот од црвениот плашт.
Фактот дека колеџот Кебл во тоа време наплаќал надомест за да се види сликата го поттикнало Хант да наслика поголема верзија во природна големина кон крајот на својот живот. Ја започнал околу 1900 година и завршил во 1904 година. Сопственикот на бродови и општествениот реформатор Чарлс Бут го купил делото и тоа е изложено во катедралата „Свети Павле“ во Лондон. Во катедралата била предадена во 1908 година, по светската турнеја во раздобјето 1905–1907 година, за време на која сликата привлекла многу голем број гледачи. Се тврдело дека четири петтини од австралиското население ја видело. Поради зголемената слабост и глауком, на Хант му помогнал англискиот сликар Едвард Роберт Хјуз (кој исто така му помогнал на Хант со неговата верзија на „Дамата од Шелот“). Третата верзија се разликува повеќе од изворната слика отколку втората.
Прием Сликата станала многу популарна во доцниот викторијански период и вдахновила неколку музички дела, вклучувајќи го и ораториумот „Светлината на светот“ на Артур Саливан од 1873 година. Графичките репродукции биле чести во градинки, училишта и црковни градби.
Наводи
Надворешни врски Revelation 3:20 Victorian Web information À l’ombre de Newman, La Lumière du Monde de William Holman Hunt
Категорија:Слики од Вилијам Холман Хант Категорија:Уметнички слики од 1853 година