„Валентин ја спасува Силвија од Протеј“ — слика масло на платно од 1851 година од англискиот уметник Вилијам Холман Хант. Таа прикажува сцена од „Двајцата велможи од Верона“ на Вилијам Шекспир. Горниот лев и десен дел од рамката вклучуваат извадоци од чин V, сцена IV од претставата. Од лево кон десно, ликовите се Јулија, Силвија, Валентин и Протеј, кој е вљубен во Јулија. Таткото на Силвија, војводата од Милано, и група следбеници се присутни во заднината.

Сликата била изложена во Кралската академија во 1851 година, а потоа била префрлена во Ливерпулската академија во 1851 година. Во 1887 година, сликата ја купил Бирмингемскиот музеј и уметничка галерија. Во 2021, сликата била уште во нивната колекција.

Наводи

Категорија:Уметнички слики од 1851 година Категорија:Слики од Вилијам Холман Хант