Дион Дрена Бељо (роден на 1 март 2002, во Загреб) — хрватски фудбалер, на Динамо Загреб и на хрватската репрезентација.
Клупска кариера Роден во Загреб, својте први фудбалски чекори ги направил во екипата на Цибалија, дебитирајќи за првиот тим во 2018 година. Во својата прва сезона, тој постигнал 10 гола и забележал 9 асистенции.
Во 2019 година, тој се преселил во хрватскиот прволигаш, Осиек, играјќи главно за втората екипа на клубот. Откако на 10 јуни 2020 година, Бељо потпишал професионален договор со Осиек, три дена подоцна тој го направил своето деби во Прва ХНЛ, влегувајќи како замена на местото на Антонио Манце во ремито без голови на гостувањето кај Славен Белупо.
Откако првата сезона во Осиек ја завршил со само 6 настапи за првиот тим и без постигнат гол, тој не се наиграл ниту во следната: одиграл само 9 натпревари во првенството, но го постигнал својот прв гол во најсилната хрватска фудбалска лига во последното коло од првенство, во кое Осиек на домашен терен ја победил Истра со 2-1. Токму поради оваа причина, пред почетокот на сезоната 2021-2022, тој заминал на позајмица во Истра со цел да најде повеќе простор за игра и таму го пронашол; во дресот на „зелено-жолтите“ тој ја имал својата пробивна сезона, забележувајќи 34 настапи и 15 гола во првенството и додал уште 5 гола во Купот на Хрватска.VIDEO HNL senzacija zabila gol karijere i oprostila se od dresa Istre 1961, gol.dnevnik.hr, 20. svibnja 2022., pristupljeno 30. srpnja 2022. По завршувањето на позајмицата, младиот напаѓач се вратил во Осиек каде веќе во првиот натпревар постигнал два гола во победата со 2-1 над Горица.VIDEO DION DRENA BELJO HEROJ OSIJEKA: ZABIO GOLČINU, PA IZBORIO I REALIZIRAO PENAL ZA VELIKU POBJEDU!, sportske.jutarnji.hr, 16. srpnja 2022., pristupljeno 30. srpnja 2022. На 28 јули 2022, дебитирал во европските натпреварувања играјќи како замена во поразот со 0-2 од казахстанскиот клуб Кизилжар во Лигата на конференциите.
На 13 јануари 2023 година, Бељо потпишал договор на четири ипол години со германскиот клуб Аугсбург, во трансфер вреден 3 милиони евра. Своето деби во Бундеслигата на 22 јануари во поразот со 3–4 од Борусија Дортмунд. На 4 март 2023 година, Бељо го постигнал својот прв гол за клубот во победата со 2–1 над Вердер Бремен.
На 9 јули 2024 година, тој се преселил на едногодишна позајмица со право на откуп во Рапид Виена.
На 16 јули 2025, Бељо се вратил во татковината каде потпишал за најтрофејниот клуб во Хрватска, Динамо Загреб.
Репрезентативна кариера Бељо играл за хрватските младински репрезентации под 16, под 17, под 18 и под 19 години.
На 11 ноември 2021 година, тој го имал своето деби за хрватската репрезентација под 21 година, влегувајќи како замена за Роко Шимиќ во победата со 2-0 над Естонија. На 23 септември 2022 година, тој го постигна својот прв гол за „Мали ватрени“, во победата од 2-1 над Данска. Во јуни 2023, тој бил избран во составот на Хрватска за Европското првенство за играчи под 21 година 2023, но таму не настапил ниту еднаш.
Малку пред Европското првенство под 21 година, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација, за која дебитирал на 12 октомври 2023 во поразот на домашен терен (0-1) од .
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 26 септември 2025.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2019-2020 Осиек II 2. ХНЛ 14 4 - - - - - - - - - 14 4 2020-2021 2. ХНЛ 24 5 - - - - - - - - - 24 5Вкупно Осиек II 38 9 - - - - - - 38 9 2019-2020 Осиек 1. ХНЛ 6 0 КХ 0 0 - - - - - - 6 0 2020-2021 1. ХНЛ 9 1 КХ 1 0 ЛЕ 0 0 - - - 10 1 2021-2022 Истра 1. ХНЛ 34 15 КХ 3 5 - - - - - - 37 20 2022-јан. 2023 Осиек 1. ХНЛ 16 8 КХ 2 1 ЛК 1 0 - - - 19 9Вкупно Осиек 31 9 3 1 1 0 - - 35 10 gen.-giu. 2023 Аугсбург БЛ 18 3 КГ 0 0 - - - - - - 18 3 2023-2024 БЛ 26 2 КГ 1 0 - - - - - - 27 2Вкупно Аугсбург 44 5 1 0 - - - - 45 5 2024-2025 Рапид Виена БЛ 21 9 КА 3 3 ЛЕ+ЛК 6Во квалификациските кола+8 1+5 - - - 38 18 2025-2026 Динамо Загреб 1. ХНЛ 7 4 КХ 0 0 ЛЕ 0 0 - - - 7 4Вкупно во кариерата 175 51 10 9 15 6 - - 200 66
Наводи
Надворешни врски
Дион Дрена Бељо на soccerway Дион Дрена Бељо на transfermarkt Дион Дрена Бељо на espn Дион Дрена Бељо на sofascore
Категорија:Хрватски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Рапид Виена Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Загреб Категорија:Родени во 2002 година Категорија:Живи луѓе