„Првите цутови“ — збирка раскази за деца на македонскиот писател Борис Бојаџиски.

Содржина Збирката содржи десет раскази:Борис Бојаџиски, Првите цутови. Македонска книга и Наша книга, Скопје, 1975. Клетва Овчарчето Безит Денес, утре, задутре Куклиња Убавата замисла Братчиња Неговата радост Дружна песна Обврска Светлина

Изданија Збирката првобитно била објавена од издвачката куќа „Кочо Рацин“ во 1953 година. Во 1975 година, книгата била објавена како заедничко издание на издавачките куќи Македонска книга и Наша книга, а како лектира за основните училишта во СР Македонија според наставниот план и програмата за четврто одделение. Книгата, со обем од 79 страници, била испечатена во БИГЗ, Белград, во тираж од 10 000 примероци.Борис Бојаџиски, Првите цутови. Македонска книга и Наша книга, Скопје, 1975, стр. 79.

Осврт кон делото Во освртот кон збирката, Косара Гочкова ја истакнува љубовта на авторот кон децата и кон татковината. Според неа, иако куси според формата, расказите се раскошни според богатството на мислите и чувствата при што авторот со јасни, куси, концизни и ѕвонливи реченици ја опишува радоста на децата во слободната татковина. Збирката содржи низа мали јунаци кои активно се вклучуваат во разубавувањето на татковината и во моралното преобразување на луѓето во новите услови за живот. Посебна одлика на расказите се раскошните описи на ликовите (Кате, Диме, Данчо, Безит, Кире, Петре), природата и средините во кои се одвива дејствието. Во расказот „Клетва“, малата Кате стапува во пионерската организација, сеќавајќи се на денот кога фашистичката полиција го одведува татко ѝ; во „Неговата радост“, трите другарчиња Кире, Петре и Борче се готови за палавштини и игри, но сериозни и послушни момчиња кога тоа се бара од нив; такви се и членовите на пионерскиот одред во расказот „Дружна песна“. Во расказите наизменично се јавуваат радоста и тагата, одговорноста и гордоста по работната победа, како и немирите и возбудувањата на децата од македонската средина. Тонот на раскажувањето е возбудлив, а расказите со социјална тематика предизвикуваат кај читателот омраза кон неправедното општество и кон окупаторскиот режим.Косара Гочкова, „Разговор за делото „Првите цутови“ од Борис Бојаџиски“, во: Борис Бојаџиски, Првите цутови. Македонска книга и Наша книга, Скопје, 1975, стр. 75-77.

Наводи

Категорија:Дела на Борис Бојаџиски Категорија:Детска книжевност Категорија:Македонски дела од 1953 година Категорија:Појавено во 1953 година во Македонија Категорија:Книги од 1953 година