Авакум Авакумовиќ (Сентендре, 1774 – Сентендре, 9 мај 1811) — српски поет, музичар и филантроп, унгарски благородник кој служел како австриски пограничен мајор.
Биографија Роден бил во 1774 година во Сентендре, во српско православно семејство. Неговиот татко, Георгиј Авакумовиќ, кој бил политички активист, а мајка Софија Мартиновиќ. Семејството добило унгарска благородничка титула во 1791 година. Тој го посетил Белград како момче, во времето кога се наоѓал под турска власт.
Почнал да свири флејта на 12-годишна возраст. Пишувал љубовни и патриотски песни. Иако најпрво сакал да се посвети на свештеничкиот повик, станал граничар кога имал 16 години. Се борел во Наполеоновите војни, како војник во Италија и Германија. Бил ранет 11 пати, поради што бил унапреден во чин мајор и веднаш демобилизиран во 1810 година.
Тој го конструирал инструментот наречен авакумица, но за жал е заборавен. Готлиб Хилер му ја посветил поемата „До генијалноста на флејтата на Авакумович“.
За своите пријатели организирал концерти. Јаков Игњатовиќ го опишал како исклучителен поет и: „уметник на флејта и хегеди“.
Починал од пневмонија на 9 мај 1811 година во Сентендре. Бил погребан во близина на некоја од српските цркви во овој град. На неговата родна куќа во 20-от век поставена е спомен-плоча.
Напомени
Категорија:Српски музичари Категорија:Српски поети Категорија:Починати во 1811 година Категорија:Родени во 1774 година