Спиридон Габровски (1740; Габрово – 1824; Рилски манастир), познат и како Спиридон Рилски, бил бугарски духовник и просветен деец.
Габровски бил роден во Габрово во 1740.Цончев, Петър. Из общественото и културно минало на Габрово – исторически приноси, Габрово, 1934/1996, с. 624-625. Долги години поминал на Света Гора, каде што поминал долги години во Зографскиот и Хиландарскиот манастир. Помеѓу 1747 и 1763, поради несогласувања помеѓу бугарските и српските монаси, се населил во манастирот Пантократор, со неговиот духовен отец Паисиј Величковски. Во 1763, заедно со Величковски ја напуштиле Света Гора и со 64 други монаси заминале во Молдавија. Во 1779, се населиле во манастирот Њамц, близу Јаш.Йеросхимонах Спиридон. История во кратце о болгарском народе славенском. 1792. Предговор Б. Христова. 1992. ГАЛ-ИКО, 1992. .
Спиридон Габровски ја користел манастирската библиотека за да го надополни своето знаење и во 1792 ја завршил "Историја во кратце о болгарском народе словенском".История во кратце о болгарском народе словенском от Спиридон Габровски, . Спиридон се приближил кон т.н. Илиризам, кој ги прогласува античките Илири, за стари Словени. Спиридон се обидел да ги легитимизира Бугарите ("Илирите") преку Александар Велики, кој го претставил целосно во позитивно светло.Дылевский, Н. М. „История во кратце о болгарском народе славенском“ иеросхимонаха Спиридона и ее судьба. – Etudes balkaniques, 1992, 68-85. Александар го победил „илирскиот“ крал Перун, но ги вклучил Илирите во својата војска и дури им ја дал на на двајцата синови на Перун власта над самата Македонија, а самиот ја основал својата престолнина во Вавилон.Александър Николов, СУ "Св. Климент Охридски", Исторически факултет, Параисторични сюжети: От български автохтонизъм към антички"македонизъм".
Во 1794, по смртта на Паисиј Величковски, го напуштил манастирот Њамц и се населил во Рилскиот манастир, каде што починал во 1824.Two "Greek" images in the history of the monk Spiridon, in Bulgarian.
Наводи
Категорија:Бугарски историчари Категорија:Родени во 1740 година Категорија:Починати во 1824 година