Поколение Ви () — американска суперхеројска телевизиска серија, развиена од Крег Розенберг, Еван Голдберг и Ерик Крипке. Таа е спиноф на серијата Момците. Серијата е заснована на делот од стрип-серијалот „Мора да одиме“ (англ. We Gotta Go Now) на Гарт Енис и Дерик Робертсон.
Премиерата на Поколение Ви се одржала на 29 септември 2023 г. на преносната услуга Amazon Prime Video. Дејството на првата сезона се одвива непосредно пред настаните од четвртата сезона на Момците.
Во октомври 2023 г., помалку од еден месец по премиерата, серијата била продолжена за втора сезона, чија премиера била на 17 септември 2025 г.
Содржина Во центарот на заплетот се младите суперхерои што се обучуваат на Универзитетот Годолкин, спонзориран од корпорацијата Vought International.
Според официјалните податоци, установата ги обучува студентите да ги користат своите способности за доброто на општеството, но всушност претставува полигон за усовршување на серумот „Ви“. Сите студенти мораат да учествуваат во месните натпревари за да го добијат статусот на најдобар и да се приклучат на светски познатите суперхеројски екипи, како што е „Седумтемина“. Улоги
|Џаз Синклер || Мари Моро |- |Ченс Пердомо || Андре Андерсон |- |Лизе Бродвеј || Ема Мајер |- |Меди Филипс || Кејт Данлап |- | Лондон Тор | rowspan="2"| Џордан Ли |- | Дерек Лу |- |Аса Герман || Семјуел „Сем” Риордан |- |Шели Кон || Индира Шети |- |Хамиш Линклејтер || Дин Сајфер
Епизоди
Наводи
Надворешни врски
Поколение „Ви“
Категорија:Американски телевизиски серии Категорија:Телевизиски серии на Amazon Studios Категорија:Оригинални програми на Amazon Prime Video