Георги Икономов, роден Георги Јанакиев Икономов, познат и како Економович и Дупничанин (Дупница, 12 октомври 1822 — Дупница, 1865) — просветителен деец од Дупница, активен за време на преродбата во Бугарија.

Животопис Георги Икономов е роден на 12 октомври 1822 година во Дупница, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот татко поп Јанаки бил свештеник во градската црква. Неговиот постар брат Михаил Икономов (1815 — 1906) работел како чувар во Ерусалим и подоцна како учител во Ресен. Неговиот помал брат, Христо Икономов, работел со нивниот татко во Дупница.Радкова, Румяна. Възрожденска Дупница (XVIII-XIX в.). София, 2015, стр. 158. За основно учел во неговиот роден град. Подоцна продолжил во Пловдив околу 1840 г.. Меѓу 1841—1843 година учел во Цариградско грчко училиште. После тоа станал учител во неговиот роден град (1845—1846; 1862—1863), во Карлово (1846—1848), во Сопот (1849—1851), во Самоков (1856—1857), во Велес (1857—1861) и во Прилепското класно училиште (1864—1865), каде го заменил македонскиот учител Васил Алексиев.

Учествувал во Борбата на македонскиот народ против Цариградската патријаршија, со негов поттик бил организиран првото сесловенско празнување на браќата Кирил и Методиј во Велес. Автор е на неколку дела.Кънчов, Васил. Избрани произведения, т. II, Издателство Наука и изкуство, София 1970, стр.237. Пишувал статии во весникот „Бугарија“ (1859—1863).Радкова, Румяна. Възрожденска Дупница (XVIII-XIX в.). София, 2015, стр. 158. Починал во 1865 година од туберкулоза.

Наводи

Категорија:Македонски просветители Категорија:Починати во Дупница Категорија:Луѓе од Дупница Категорија:Родени во 1822 година Категорија:Починати во 1865 година Категорија:Македонски учители Категорија:Починати од туберкулоза Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Учители во Прилепското класно училиште