Месен народен одбор Никуштак ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.
Историја Месниот народен одбор Никуштак бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и неговo составнo населенo местo билo селото Никуштак. Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуштак останал територијално непроменет. МНО Никуштак тогаш припаѓал во Кумановската Околија. Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Никуштак повторно не претрпел промени. Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Никуштак бил укинат на сметка на проширената Општина Матејче.
Население Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Никуштак имал 1,331 жител, односно вкупното население на селото Никуштак. Од таа бројка, 1,309 биле Албанци, додека 22 биле Роми.
Поврзано Список на општини во Македонија по население (1948)
Наводи
Никуштак Никуштак Никуштак Категорија:Маџарска Околија Категорија:Кумановска Околија