мини|Бастионот Д'Хомедес во рамките на утврдувањата на Имдина, кој во голема мера останал непроменет од неговата изградба во 1540-тите години мини|Северните ѕидини на Кастелото, по кои некои Гозиќани се симнале за да избегаат од ропство. мини|Споменикот 1551 пред Цитаделата поставен во 2016 година. Инвазија на Гозо, позната и како опсада на Гозо () — османлиска инвазија на островот Гозо, тогашен дел од Болничарската Малта, во јули 1551 година. Нападот, предводен од Синан-паша, Драгут, Камбил-бег и Салах Раис, веројатно бил започнат како одмазда за заземањето на Махдија од страна на Шпанците и Болничарите претходната година.

Отоманските сили накратко ја нападнале Сицилија пред да се истоварат на главниот остров Малта на 18 јули, каде што градот Имдина бил накратко опсаден, а некои села биле ограбени. Потоа тие ја напуштиле Малта и се истовариле на островот Гозо, каде што Кастело бил бомбардиран два дена пред неговиот гарнизон да капитулира на 26 јули. Тврдината била ограбена и помеѓу 5.000 и 7.000 луѓе (мнозинството од населението на островот) биле поробени и однесени во Северна Африка или во Цариград. Истите отомански сили продолжиле со освојувањето на Триполи, тогаш под власт на болничарите, на 14 август 1551 година.

Некои од поробените Гозиќани биле откупени или ослободени, а за други се знае дека починале во ропство или се преобратиле во ислам. Повеќето од нив никогаш не се вратиле на Малтешките Острови, а населението на Гозо се опоравило дури по еден век преселување. Болничарите вложиле напори да ја подобрат одбраната на Малта по нападот; утврдувањата што тие ги изградиле подоцна одиграле клучна улога во Големата опсада на Малта во 1565 година.

Наследство

Фолклор и легенди мини|Поглед на Имѓар икс-Сини, Њувиела е видлива во позадина на лево; според традицијата, гозитанските заробеници биле товарени на отомански бродови од оваа локација. Настаните од јули 1551 година се споменуваат во малтешкиот фолклор. Фактот дека слабо бранетата Имдина успеала да издржи, некои го припишувале на божествена интервенција; слични легенди претходно се појавиле од претходната опсада на градот во 1429 година. мини|Споменик во Вила Рандл Гарденс поставен во 2013 година.

Литература и уметност Нападот од 1551 година бил претставен во голем број на книги со историска фикција, вклучувајќи ги „Нередните витези “ (1966) од Дороти Данет, „Осумкракиот крст“ (2011), „Сенката на соколот“ (2020) и „Падот на пепелта“ (2022) од Мартезе Фенех, како и „Одмаздата на Ксагра“ од Џеф Нелдер (2017).

Гозитанскиот поет и политичар Антон Бутиџеџ напишал балада со драматизирана верзија на нападот од 1551 година. Опсадата и нејзините последици биле прикажани и во неколку слики од гозитанскиот уметник Паоло Камилери Каучи, и била тема на разни други реконструкции, песни, музички драми, концерти, и претстави.

Наводи

За понатамошно читање

Надворешни врски

Категорија:Судири во 1551 година Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Малтешкиот ред Категорија:Координати на Википодатоците