Игуаке — езеро кое се наоѓа во Департман Бојакa, во Колумбија. Езерото и околниот простор биле прогласени за светилиште на флората и фауната во 1977 година.

Географија и клима Игуаке се наоѓа североисточно од Вила де Лејва. Доминантниот екосистем е алпска тундра на Андите, со присуство на растението фраилејон, папрати, лишаи и пуји. Просечната температура изнесува 12 °C. Пристапната рута до природниот резерват е: Богота – Тунха (147 км)/Тунха– Вила де Лејва (39 км).

Културна вредност Игуаке се сметало за свето место за народот Муиска. Според легендата, човештвото потекнува од езерото Игуаке, кога божицата Бачуе излегла од езерото држејќи во рацете едно момче. Кога момчето пораснало, таа се омажила за него и нивните деца го населиле светот. Тие се сметаат за предци на човечкиот род. На крајот, Бачуе и нејзиниот сопруг исчезнале во езерото, претворајќи се во змии.

Биологија Видот пчела Neocorynura muiscae, опишан во 2006 година, бил пронајден во светилиштето во близина наИгуаке, односно во Засолништето за флора и фауна Игуаке, и бил именуван по народот Муиска.

Поврзано

Муиска религија

Тота (езеро)

Категорија:Езера во Колумбија Категорија:Координати на Википодатоците