Волкојанево или Волкојановоалтернативно: В’лкојаново или В’лкојанево (, Лики, до 1926 г. Βουλκογιάννοβον, ВолкојановонΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βουλκογιάννοβον - Λύκοι) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 74 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа 7 км северозападно од градот Воден, на падините на планината Ниџе.
Историја Османлиско време На крајот на XIX век Волкојанево било чисто македонско село во Воденската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, издадена во Цариград во 1878 г. се вели дека во 1873 г. во Волкојаново (Volcoyanovo) има 36 куќи со вкупно 204 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година в селото живеят 300 жители Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 149. Во овој период селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Волкојанево (Volkoyanovo) има 264 Македонци и работи бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.
Потпаѓање под грчка власт Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава. Во 1924 г. Дел од македонското население се иселува и на негово место се населени Грци бегалци од Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Лики. Во 1928 г. Волкојанево е заведено како село со 228 жители и мешано население. Од овие, 96 жители (23 семејства) биле грчки доселеници-бегалци. Во 1940 г. селото имало 217 жители, што се должи на иселување на некои од дојдените бегалци
Во Граѓанската војна За време на Втората светска војна селото го окупираат Бугарите и основаат своја општина.Мичев, Добрин. „Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)“
За време на Граѓанската војна, селото било иселено, а многу од неговите македонски жители активно учествувале во НОФ и ДАГ. По војната, дел од раселените семејства се вратиле и селото обило обновено. Во подоцнежниот период, Волкојанево бележи намалување на населението поради иселување на извесни семејства во Воден.
Население
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Луковец, во кој спаѓаат и селата Луковец, Почеп и Самар.
Стопанство Главна стопанска гранка во селото е сточарството, но развиено е и земјоделството, особено одгледувањето на цреши.
Наводи
Категорија:Воден