Гугово (, Врита, до 1926 година Γκούγκοβον, Гуговон)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκούγκοβον - Βρυτά — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 376 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото е сместено на падините на плнината Ниџе, 15 км западно од градот Воден и 2 км северно од главниот пат од Воден за Острово и Лерин. Североисточно од селото се изворите на реката Вода. Атарот зафаќа површина од .

Историја Османлиско време Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Гугово како македонско село.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Гугово (Gougovo) е посочено како село во Воденската Каза со 15 куќи, с овкупно 64 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото има 260 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр. 149.

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. Гугово (Gougovo) броело 320 жители Македонци и во него работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191.

Потпаѓање под Грција Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 280 жители. Во 1920 г. евидентирани се 259 жители. Во 1923 г. властите доселуваат десетина грчки бегалски семејства со вкупно 51 бегалец. Во 1926 г. селото е преименувано во Врита. Во 1928 г. во Гугово се евидентирани 523 жители, од кои 14 биле доселенички семејства со вкупно 61 луѓе. Пописот од 1940 дава 556 жители.

Доселените Грци постепено почнале да се иселуваат, чувствувајќи се како туѓи во оваа средина. Последните бегалци си заминале на почетокот на бугарската окупација во Втората светска војна, па така Гугово останало чисто македонско село.

Втора светска и Граѓанска војна За време на Втората светска војна селото било под окупација на Бугарија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.) Поради настрадувањето на населението во оваа војна, како и во Граѓанската војна, во 1951 г. населението се свело на 446 жители.

Население Денес населението на Гугово останува целосно македонско.

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гугово, во кој тоа е единствено населено место.

Стопанство Во селото се одгледува се застапени полјоделството (претежно жито и пченка) и овоштарството. Делумно е развиено и сточарството.

Во 1950-тите селото било значително осиромашено поради експропријацијата на земјиштето за изградба на хидроакумулацијата Владовско Езеро (Τεχνητή λίμνη Άγρα), завршена во 1956 г.

Поврзано Владовско Езеро

Наводи

Категорија:Воден