Владово (, Аграс, до 1926 г. Βλάδοβο, ВладовоΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βλάδοβον - Άγρας) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 661 жител (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.
Географија и местоположба Селото е сместено 5 км западно од градот Воден, покрај патот од Воден за Острово. Лерин и Кајлари, а низ него минува и железничка линија. Во непосредна близина е планината Каракамен, на чии падини се наоѓало селото Фурка, чие население прешло во Владово поради негово опустошување од разбојнички банди.
Низ селото рече реката Вода, и под него образува голем водопад. Реката се користи за наводнување на обработливи површини преку Владовското Езеро, кое има и голема хидроцентрала со придружна населба за вработените. Атарот зафаќа површина од .
Историја Подрачјето на Владово е населено уште во праисторијата, за што сведочи Владовската праисториска населба кај селото, која датира од бронзеното време.
По патот за Воден се забележуваат рушевините на Владовската тврдина (Филокастро). Меѓу 1600 и 1800 г. селото всушност се наоѓало во месноста Селиште, југозападно од денешната местоположба. Таму до денес се наоѓаат остатоците од старата црква „Св. Дионисиј Олимпски“.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ го опишува Владово како македонско селонаречено „бугарско“, под влијание на бугарската политикаГригорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 92. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г., Владово (Vladovo) е посочено како село во Воденската Каза со 133 куќи и вкупно 600 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Владово живеят 740 Македонци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1902, стр. 149. Во тоа време селото било истовремено под врховенството на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало во под егзархијата.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том II, София, 1993, стр. 126. Според податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Владово (Vladovo), 464 жители биле под Бугарската егзархија, а 496 биле под патријаршијата — притоа сите до еден Македонци. Во селото работеле обете пропаганди, и имало и бугарско и грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 190-191. Црквата „Свети Атанас“ била заземена од егзархијата.Македонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 36
Потпаѓање под Грција мини|десно|250п|Војници на Антантата во Владово за време на Првата светска војна. Во Првата балканска војна во селото влегла грчка војска и извршила масовен грабеж.Даскалов, Георги, Българите в Егейска Македония, София 1996, с. 113. Со Букурашкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 879 жители. Во 1924 г. 16 жители по официјален пат се иселиле во Бугарија. Во 1926 г. селото е преименувано во Аграс, по андартскиот капетан Телос Аграс обесен во него во 1906 од Воденската чета на Македонската револуционерна организација. Во 1928 г. во селото се евидентирани 866 жители.
Втора светска војна За време на Втората светска војна селото било под окупација на Бугарија и основана е чета на бугарската паравоена организација „Охрана“.Мичев, Добрин. Българското национално дело в Югозападна Македония (1941 – 1944 г.)
Во Граѓанската војна За време на Граѓанската војна, селото дало голем број жртви, а неколку семејства и поединци пребегале во Р. Македонија
десно|мини|250п|Железничката станица во Владово. Во 2008 г. статуите на Антонис Мингас и Телос Агапинос меѓу Владово и Техово биле срушени од мештанитеΟ Δήμος Έδεσσας ξηλώνει προτομές Μακεδονομάχων και τις αντικαθιστά με σπερματοζωάρια!, http://kostasxan.blogspot.comBusts of Greek Macedonian Fighters vandalised in Edessa, Youtube.
Население Денес населението на Владово останува целосно македонско и непроменето. Последните децении бележат пад на населението, што се должи на преселби во градот Воден и во странски земји.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Владово, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство Главни земјоделски култури во Владово се пченицата и црешите, а доста развиено е и сточарството. Вкупните обработливи површини денес зафаќаат 1.250 хектари. Некогаш најплодните 505 хектари денес не постојат, бидејќи се поплавени од хидроакумулацијата Владовско Езеро (Τεχνητή λίμνη Άγρα) изградена во 1956 г. Ова земјиште се откупувало од селаните по мошне ниски цени (4000 драхми за декар) и исплаќани со години.
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Дионисиј Олимписки“ — стара црква во урнатини, на местото на старото село „Св. Димитриј“ од 1818 г.
Личности Благој Калејчев (1868-1945) — македонски револуционер
Поврзано Владовско Езеро Селиште (Владово) Владовска праисториска населба
Наводи