Врбени или Долно Врбени (, Итеја; до 1926 г. Βύρμπενη, ВирбениΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βύρμπενη - Ιτέα) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 542 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.

Географија Селото е сместено во Леринското Поле, 17 км североисточно од Лерин крај Стара Река (Палиорема).

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Врбени (или Долно Врбени, за да се разликува од Горно Врбени или Екши Су) е заведено како чисто македонско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го забележал Вербини како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93. Во 1861 г. Јохан фон Хан на неговата етничка карта го обележал Вербени како македонско село.Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Врбени (Dolno-Vrbéni) имало 200 домаќинства со 615 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ во 1889 г. во Врбени живееле 152 семејства, сочинети од 732 Македонци.Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889.

На чело на меснот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Георги Везанков.Спомени на Георги Попхристов За време на Илинденското востание во селото е убиен Филип Маврев, а загинале и селските четници Миленко Толев и Стефо Трајков.Илюстрация Илинден, бр.134, стр. 10

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Врбени (Долно Врбени) имало 690 жители Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249. На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 624 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто македонско село во Леринската Каза на Битолскиот Санџак со 75 куќи.

Во првите денови на април 1908 г. власта извршила претрес на селото, спроведен со измачувања и насилства.Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 80 македонски куќи.

Во Грција мини|десно|250п|Врбени во 1917 г. за време на Првата светска војна. мини|десно|250п|Разурнатата црква во Врбени за време на Првата светска војна. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 677 жители. За кратко селото било окупирано од бугарската армија во Првата светска војна, за да ѝ биде вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. По војните, во 1920 г. Врбени имало 548 жители. Во 1926 г. властите му го смениле името во Итеја („врба“), преведувајќи го македонското. Во 1928 г. во селото се попишани 496 лица.

Во 1940 г. селото нараснало на 891 жител, опоравувајќи се од загубите и страдањата војните. Истата 1940 г. грчката жандармериска управа во Лерин составила список на луѓе чија национална свест е „опасна за државата“, и в него се заведени семејствата на Лазар Николов и Вангел Мавров од Врбени. Во 1941 г. за време на Втората светска војна Врбени потпаднало под бугарска окупација и во него е воведена бугарска општинска власт. По повлекувањето на окупациските сили, 12-мината членови на овој општински совет се стрелани на селскиот плоштад.

Малаувањето на жителите зо 1960-тите се должи на силно иселување во прекуокенаските земји. Денес селото и понатаму е чисто македонско, во кое македонскиот јазик се употребува секојдневно.

Цркви Во селото има три цркви:Портал на поранешната Општина Овчарани „Успение на пресв. Богородица“ (изг. 1930) „Рождество на пресв. Богородица“ (изг. 1912) „Св. Никола“

Население

Стопанство мини|десно|250п|Поглед на Врбени од полето. Населението одгледува жито и тутун, а делумно е застапено и сточарството.

Личности Георги Везанков (1871 - 1911) — македонски свештеник и револуционер Георгиос Љољас — гркомански андартски капетан Георги Трајков (1898 - 1975) — политичар и државен деец во Бугарија Доне Трпенов — македонски револуционер, деец на МРОМакедонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98. Павел Мавчев (1875 - 1925) — македонски револуционер Петар Трајков (1896 - 1964) — македонски револуционер Стефан Ролев (1865 - ?) — македонски револуционер Ташко Костов (1874 - ?) — македонски револуционер Димитар Хаџикиров (1912 - 1993) — македонски партизан

Поврзано Горно Врбени Леринско Поле

Наводи

Надворешни врски