Долно Родиво (, Като Корифи: до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като РадовосΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κάτω Ράδοβος -- Κάτω Κορυφή) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 78 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено во западниот дел на областа Меглен, 16 км југозападно од С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан). Горното маало, наречено Горно Родиво (Ано Корифи, Άνω Κορυφή) денес е напуштено.
Историја Во Отоманското Царство Во османлиските дефтери на Воденскиот вилает за 1619-20 г. селото се води како Родилова-и зир со 37 даночни домаќинства.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 269.
Во 1885 г. во Долно Родиво проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.Илюстрация Илинден, година 9, книга 9 (89), ноември 1937, стр. 2.
Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно Родиво живееле 250 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 150.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Радово (Dolno Radovo) имало 504 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 190-191. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 45 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 491 жител, кои во 1920 г. биле на 435. Во 1922 г. селото е преименуваново Като Корифи, што значи „горен врв“.Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Ράδοβος -- Άνω Κορυφή
Во 1940 г. селото пораснало на 599 жители. Меѓутоа, тоа многу настрадало во Граѓанската војна кога поголем дел од жителите морале да се иселат во Р Македонија, а останатите биле преселени од власта во Бизово. По војната, овие малобројни жители се вратиле во селото, па во 1951 г. Долно Родиво е попишано со само 65 лица. Во текот на 1950-тите населението се удвоило, броејќи 121 жител во 1961 г. Оваа бројност се одржала устојчиво сè до почетокот на XXI век, кога почнало да опаѓа, за да се сведе на 62 лица во 2011 г.
Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е македонско) и во него македонският јазик е зачуван на високо ниво.Riki Van Boeschoten. "Usage des langues minoritaires dans les départements de Florina et d’Aridea (Macédoine)"
Личности Ѓорѓи Симеонов — деец на ВМРО, војвода на чета во Воденско за време на Илинденското востание, роден во Долно или Горно РодивоНиколов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 150. Ристо Јачев (1942 - 2019) — поет, романописец, театарски критичар и преведувач
Население
Стопанство Иако ова е планинско село, има поволна клима која овозможува одгледување на многу квалитетни цреши и ореви. Развиено е и сточарството, што се должи на пространите пасишта околу селото.
Поврзано Горно Родиво Меглен
Наводи
Категорија:Долно Родиво