Андреј Иванович Богданов (; 1692 – 11 септември 1766) ― еден од првите руски библиографи и етнографи.

Андреј Богданов бил роден во Сибир. Неговиот татко бил барутчија, а Андреј му помагал во работата. Откако неговото семејство се преселило во новооснованиот Санкт Петербург, младиот Андреј Богданов се запишал во академската гимназија (средно училиште управувано од Руската академија на науките). Во 1719 година, според указот на Петар Велики, Богданов започнал да работи во областа на типографската уметност. Во 1730 година, бил распореден во библиотеката на Академијата на науките.

Неговото главно книжевно и историско дело било „Опис на Санкт Петербург од почетокот во 1703 година до 1751 година“, прв енциклопедиски опис на новоизградената руска престолнина, заснован на достапни архивски материјали и сеќавања на очевидци. Делото било завршено до 1751 година. Богданов, како негов автор, тој добил 50 рубли за него. Сепак, за прв пат било објавено дури во 1779 година, по неговата смрт. мини|395x395пкс|Корица на книгата.

Наводи

Поврзано

Гонза

Надворешни врски

Богданов Андреј Иванович“ дело на Мојсеева Г.Н.

Категорија:Починати во 1766 година Категорија:Родени во 1692 година Категорија:Етнографи од Руската Империја Категорија:Руски библиографи Категорија:Текстологија