мини|десно|Црквата „Св. Тома“ во Жерви Жерви или Жерве (, Зерви) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 273 жители (2021) и до денес е целосно населено со Македонци.

Географија и местоположба Селото сместено 23 км западно од градот Воден, на јужното подножје на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 760 м.

Историја Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Жерве како македонсконарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика. село.Григоровичъ, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91. Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарска егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 г. во селото живееле 290 Македонци христијани.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1902, стр. 149. Целото население било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Жерви (Jervi) имало 280 жители, сите Македонци.Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 190-191.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 256 жители. Во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ забележал 40 македонски куќи.

Жерви значајно настрадало во Граѓанската војна, поради што неколку семејства и поединци пребегнале во Р. Македонија, а другите се засолниле на побезбедни места. По нормализацијата на состојбите, повеќемината се вратиле во селото.

Население

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Ослово, каде спаѓа и селото Ослово.

Стопанство Селото е полупланинско и прилично пасивно. Највеќе се огледуваат пченицата и пченката, оревите и црешите, а делумно е застапено и сточарството. Во близина на Жерви има и коп на мермер.

Цркви „Св. Тома“ „Св. Петка“ (вон самото село)

Наводи

Категорија:Воден