десно|мини|Играње ластик во Германија, 1998 мини|Играње ластик во Германија, 1998 Ластик — вид друштвена игра популарна кај децата на основношколска возраст. Оваа игра била една од поомилените кај женските деца на овие простори.
Историја Оваа кинеска игра потекнува од 7 век и се проширила низ остатокот од светот во 1960-тите.
Опис Единствениот неопходен реквизит за играта е ластик, гумена кројачка лента. Слободните краеви на лентата се прицврстени (врзани) еден за друг така што лентата образува круг. Двајца играчи влегуваат во кругот и се оддалечуваат, затегнувајќи ја лентата така што таа е во висина на колената и повеќе не образува круг, туку облик сличен на правоаголник. Играчите се свртени еден кон друг. Третиот играч игра така што прескака преку двете линии на ластикот во средината помеѓу играчите кои ја затегнуваат лентата.
Играњето ластик вклучува бројни начини на скокање, затегнување и влечење на двете линии ластик. Обично, редоследот на потезите е познат однапред, а потезите можат да бројат до неколку десетици. Ако играчот направи грешка во потезите, тој го зазема местото на еден од играчите што ја затегнуваат ластикот, а слободниот играч добива можност да игра.
Ластик може да игра и само еден играч ако успее правилно да ја затегне ластикот (помеѓу две столчиња или дрвја), но и поголем број играчи.
Почетокот на играта ластик често почнувал со ритмичката песничка Ема-есаса-есаса е-пипија, што доаѓа од англиското спелување на зборот Мисисипи (Mississippi = ем-ај-ес-ес-ај-ес-ес-ај-пи-пи-ај).
Наводи
Категорија:Детски игри Категорија:Игри на отворено