Етјен Артур Бока (роден на 2 април 1983, во Абиџан) — брежански поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Клупска кариера Тој ја започнал својата кариера во екипата на АСЕК Мимозас од Абиџан, чиј младинскиот систем произвел други познати брежански играчи како Коло Туре, Емануел Ебуе и Аруна Диндан.

Во 2002, по завршувањето на академијата, тој се преселил во белгискиот клуб Беверен, а од таму отишол во Франција, во тогашниот тим од Лига 1, Стразбур, во сезоната 2004-2005.

Тој го напуштил тимот по нивното испаѓање на крајот од сезоната 2005-2006 за да се пресели во германскиот клуб . Во својата прва сезона во клубот, тој ја освоил Бундеслигата, придонесувајќи со 19 настапи и еден постигнат гол. За Штутгарт играл цели осум сезони, забележувајќи 207 настапи и 7 гола, по што се преселил во Шпанија, каде потшишал за Малага. После првата добра сезона во Малага, во втората тој речиси воопшто не играл и завршил на маргините на клубот по што ја напуштил Малага во летото 2016 година.

Во јули 2016, Бока му се приклучил на швајцарскиот клуб Сион, но таму одиграл само една сезона во која забележал 3 настапи, по што се повлекол од фудбалот по завршувањето на истата. Во 2022 година, тој направил кратко враќање на терените откако потпишал за шпанскиот седмолигаш Атлетико Марбеља, но набрзо потоа повторно се пензионирал.

Репрезентативна кариера За репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Бока одиграл 88 натпревари и постигнал еден гол. Учествувал на три Светски првенства по ред во 2006, 2010 и 2014. Исто така, настапил и на пет турнири на Африканскиот куп на нации (2006, 2008, 2010, 2012 и 2013), освојувајќи го второто место во 2006 (играл и во финалето загубено од Египет) и 2012.

Титули Стразбур Лига куп на Франција : 1 2004-2005

Штутгарт Бундеслига : 1 2006-2007

Наводи

Надворешни врски

Артур Бока на soccerway Артур Бока на transfermarkt Артур Бока на espn Артур Бока на whoscored

Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Брежански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Стразбур Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери на ФК Сион Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014