Ивонка Сурвила (, родена Ивонка Шиманиец, , 11 април 1936) — претседател на Радата на Белоруската Демократска Република, белоруската влада во егзил.

Ран живот Ивонка Сурвила била родена како Ивонка Шиманиец во Стовбци, тогашен дел од Втората Полска Република (Западна Белорусија), во семејството на Улаџимиер Шиманиец, инженер, и Евелина Шиманиец (родена Пашкевич).

Во 1940 година, по советската анексија на Западна Белорусија, Улаџимиер Шиманиец бил уапсен од Советите и осуден на пет години затвор во Гулаг. Тој избегал за време на германската инвазија на СССР.The Road from Stoupcy to Copenhagen to Paris to Madrid to Ottawa to Miensk — The Memoirs of Ivonka Survilla (in Belarusian)

Во 1944 година, семејството избегало на Запад преку Источна Прусија со илјадници други бегалци и на крајот стигнало до Данска, каде што живееле во бегалски камп неколку години. На патот починала помладата сестра на Ивонка.

Во 1948 година нејзиното семејство се преселило во Франција, во Париз. Членовите на семејството на Шиманиец биле активни учесници во локалната белоруска заедница. Шиманиец студирала на Училиштето за ликовни уметности во Париз, а потоа дипломирала на факултетот за хуманистички науки на Сорбона.

Во 1959 година, Ивонка Шиманиец се омажила за Јанка Сурвила, белоруски економист, активист и радио водител. Со него се преселила во Мадрид каде што воделе радио програма на белоруски јазик поддржана од Франкова Шпанија.

Во Канада По затворањето на радио станицата во 1965 година, Јанка и Ивонка Сурвила се преселиле во Канада во 1969 година, каде што Ивонка почнала да работи како преведувачка за федералната влада. На крајот станала раководител на услугите за превод во „Здравство Канада“.

Во Канада, Ивонка Сурвила станала активен член на локалните белоруски организации.

Во 1989 година, Ивонка Сурвила, со помош на нејзиниот сопруг Јанка Сурвила и пријателките Зинаида Гимпелевич и Полин Пашкевич-Смит, го создала Канадскиот фонд за помош на жртвите од Чернобил во Белорусија. Оваа добротворна организација обезбедила медицинска помош во различни форми, реципрочни посети на медицински персонал помеѓу Канада и Белорусија, помош во однос на храната, и исто така обезбедила здравствени услуги за деца на различни локации во Канада.

Како претседателка Ивонка Сурвила била избрана за претседател на Радата на Белоруската Демократска Република во 1997 година. Таа е првата жена претседател на Радата и првиот претседател избран по распадот на Советскиот Сојуз и создавањето на независна Република Белорусија.

Сурвила редовно се обраќала на белоруското општество на 25 март и во други пригоди.

Таа била еден од основачите и потписниците на Прашката декларација за европска совест и комунизам.

Во 2013 година била наградена со Дијамантскиот јубилејен медал на канадската кралица Елизабета II за „нејзината доживотна работа во враќањето на демократијата во Белорусија".

Личен живот Ивонка Сурвила имала две ќерки. Една од нејзините ќерки, Марија Паула Сурвила, (1964–2020) станала професорка по етномузикологија на колеџот Вартбург во Веверли, Ајова. Нејзиниот сопруг Јанка Сурвила починал во Отава во 1997 година.

Сурвила учествувала на повеќе од 30 изложби како сликарка.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница на веб-страницата на Радата на Белоруската Демократска Република Ивонка Сурвила одговара на прашања Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1936 година