Општина Видин () — општина во Северозападна Бугарија, административен центар на Видинската област. Таа е најголемата општина во областа по население и втора по територија. Има 59.076 жители (2022).

Географија Општината е сместена во североисточниот дел на Видинската област. Со својата површина од 512,932 км2 таа е најголема меѓу 11-те општини во областа, што претставува 16,79% од територијата на областа.

Релјефот на општината е претежно рамничарски и благо ридски. Нејзината територија паѓа во најсеверозападниот дел на Западната Дунавска Рамнина. Поголемиот, источен дел е заземен од пространата и рамна Видинска Низина.

Самоуправа Општината се состои од 34 населени места, од кои 2 града и 32 села. Населени места во општината:

Акациево Антимово Бела Рада Ботево Буковец Видин Војница Врв Гајтанци Генерал Мариново Гомотарци Градец Динковица Долни Бошњак Дружба Дунавци Жеглица Ивановци Иново Каленик Капитановци Кошава Кутово Мајор Узуново Новоселци Пешаково Плакудер Покрајна Рупци Синаговци Слана Бара Сланотрн Трњане Цар Симеоново

Поврзано Област Видин Општини во Бугарија

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Видин

Видин