Џо Албани (роден како Џозеф Албани; 24 јануари 1924 — 12 јануари 1988) — американски пијанист на модерен џез кој свирел бибоп со Чарли Паркер ,а воедно бил и водечки изведувач на сопствени снимки.

Живот и кариера Роден во Атлантик Сити, Њу Џерси, Албани студирал пијано како дете и до 1943 година работел на Западното Крајбрежје во оркестарот на Бени Картер. Во 1946 година, Лестер Јанг снимал со Албани како негов пијанист, за „Аладин рекордс“. Исто така, истата година, тој свирел барем еднаш со Паркер и тогаш 20-годишниот Мајлс Дејвис. Продолжил неколку години потоа, а во 1957 година снимил албум за Риверсајд со необичен трио состав со саксофонистот Ворн Марш и Боб Витлок на бас, изоставувајќи го тапанарот. И покрај тоа, поголемиот дел од 1950-тите и 1960-тите години се борел со зависност од хероин и живеел во изолација во Европа. Тој исто така имал неколку неуспешни бракови во овој период. Се вратил на џезот во 1970-тите и свирел на повеќе од десет албуми. Тој починал од респираторна инсуфициенција и срцев застој во Њујорк на 63 годишна возраст.

Албани бил во фокусот на документарецот од 1980 година насловен како „Џо Албани... Џез живот“ . Неговата ќерка Ејми-Џо напишала мемоари за својот татко наречени „Лоу Даун: Ѓубре, џез и други бајки од детството“ . Книгата била филмски адаптирана и објавена во 2014 година како биографскиот филм „Лоу Даун“. Џо бил и биолошки татко на Бенџамин Дејвид Голдберг, кој бил посвоен од друго семејство кратко по раѓањето. Бенџамин Дејвид бил и музичар, кој студирал перкусии на Џулијард, свирел за Бродвејски претстави и бил во оркестарот на американската армија.

Наводи

Категорија:Починати во 1988 година Категорија:Родени во 1924 година Категорија:Статии со hCards Категорија:Статии со краток опис

Категорија:Американски џез-музичари Категорија:Џез-музичари Категорија:Џез пијанисти