Општина Криводол () — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Врачанската област. Административен центар е градот Криводол. Општината има 9.076 жители (2022).
Географија Општината се наоѓа во западниот дел на Врачанската област. Со површина од 325,86 км2 го зазема 5-то место меѓу 10-те општини во областа. Граничи со Општина Враца, Општина Борован, Општина Хајредин и општините Монтана и Бојчиновци од Монтанската област.
Релјефот е претежно ридски, како дел од западниот дел на Дунавската Рамнина и северните падини на Предбалканот. Главна водена артерија во општината е реката Ботуња.
Самоуправа Општината се состои од 15 населени места, од кои 1 град и 14 села. Список на населените места, подредени по азбучен ред:
Баурене Ботуња Галатин Главанци Големо Бабино Градешница Добруша Краводер Криводол Лесура Осен Пудрија Ракево Уровене Фурен
Наводи
Поврзано Област Враца Општини во Бугарија
Надворешни врски Мрежно место на Општина Криводол
Криводол