„Едгар Алан По“ е американски нем филм од жанрот драма од 1909 година, продуциран од компанијата „Биограф“ од Њујорк. Режисер и ко-сценарист на филмот е Д.В. Грифит. Херберт Јост во овој краток филм ја играл улогата на познатиот американски писател и поет од 19 век , Едгар Алан По, додека Линда Арвидсон ја толкувала улогата на сопругата на По, Вирџинија. Кога бил објавен, во февруари 1909 година, и во текот на неговото прикажување во кината, официјалниот наслов на филмот постојано бил претставуван и рекламиран со погрешно напишаното средното име на По, користејќи „е“ наместо точната втора буква „а“. Краткиот филм првично бил доставуван во кината на „ поделена ролна “. Тоа била една ролна на која биле снимени повеќе филмови. Оваа драма од 450 стапки ја делела својата ролна со друг краток филм од „Биограф“, комедијата од 558 стапки „Венец во времето“. Копии од двата филма се зачувани.

Заплет Филмот се фокусира на Едгар Алан По и неговата сопруга Вирџинија Клем, која била неподвижна и сериозно билна. Додека По ја тешел, се појавувил гавран на биста на Атена изложена на висока полица во нејзината соба. Инспириран од глетката, По го напишал „Гавранот“, кое станува негово најголемо поетско дело. Потоа По заминал, надевајќи се дека ќе ја продаде песната на локален весник или издавач на книги за да може да набави храна и лекови за Вирџинија. Во редакцијата на првиот весникот, кој го сметал како потенцијален купувач, делото му го одбиваат за печатење. Очаен за пари, По брзал кон канцеларијата на некој друг издавач, каде што еден маж и жена биле зафатени со уредување. Првично, едниот уредник ја отфрлил песната на По, но кога другиот уредник го прочитал делото, му се допаднало и му платил за него. По ги искористил парите за да ја купи потребната храна за својата сопруга. Кога се вратил дома, Вирџинија лежела во кревет. Тој гордо одвиткал ново ќебе што го купил за неа, но додека ја покривал со ќебето, сфатил дека таа починала додека тој не бил во нивниот дом. По бил скршен по својата загуба, и филмот завршува како тој плаче над нејзиното тело.

Улоги

Херберт Јост како Едгар Алан По Линда Арвидсон како Вирџинија По Артур В. Џонсон како издавач во првата канцеларија Чарлс Перли како „Резидентен поет“ во првата канцеларија Дејвид Мајлс како издавач во втората канцеларија Анита Хендри како уредник во втората канцеларија

Продукција десно|мини|237x237пкс|Студиото на „Биограф“ во Менхетен, каде што „Едгар Алан По“ бил поставен и сниман за два дена Сценариото за овој краток филм е дело на режисерот Грифит и Френк Е. Вудс. Драмата била снимена со користење на три внатрешни аголни сетови во седиштето и главното студио на „Биограф“. Тие во периодот од 1908 и 1909 година биле сместени во реновирана камена куќа на адресата Ист 14-та улица број 11 во Њујорк. Снимањето од страна на снимателот на компанијата Г.В. Бицер било завршено за само два дена. Записите за конкретните датуми се разликуваат. Профилите за филмот во Конгресната библиотека ги наведуваат 21 и 23 јануари 1909 година како датуми за снимање, додека записите за продукција на „Биограф“, кои се забележани во референцата од 1985 година Д.В. Грифит и компанијата „Биограф“, даваат други датуми: 21 и 23 декември 1908 година.

Техниката на осветлување на сценографијата било резултат на соработката помеѓу режисерот Грифит и неговите сниматели, особено во неговата работа со „Били“ Бицер. Филмската историчарка и универзитетска професорка, Џојс Е. Јесионовски, во нејзината книга од 1987 година Размислување во слики: Драмска структура во биографските филмови на Д.В. Грифит го смета Едгар Алан По за значајна личност во раната филмографија на Грифит. Оваа продукција ја илустрира неговата прогресивна свест за моќта на осветлувањето на сценографијата во воспоставувањето на потребниот амбиент и надградување на приказните кои, за разлика од сценските претстави, целосно се потпирале на уредување на визуелни елементи во рамките на нем медиум:

Во однос на „суровоста“ на осветлувањето што го користеле Грифит и Бицер во нивната продукција, во воведот на копија од краткиот филм зачуван во нивниот филмски музеј, Институтот EYE во Холандија наведува: „Иако сега има малку што да се разликува [ Едгар Алан По ] од неговите современици. Се смета дека имал напредна техника на осветлување, особено „ Рембрантово осветлување “ или како што поинаку се нарекува ефект на профилен портрет.“ Иако сега се смета за стандардна техника на осветлување во кинематографијата и студиската фотографија, употребата на таквото „Рембрантово осветлување“ во 1909 година датира шест години пред неговата припишана употреба во филмовите, особено од Сесил Б. ДеМил во неговата продукција од 1915 година Вореновите од Вирџинија. десно|thumbtime=6:54|мини

„Анонимните“ актери од краткиот филм Во 1909 година, Биограф, како прашање на политика на компанијата, јавно не ги наведувал своите изведувачи, ниту пак ги идентификувал во публикациите од филмската индустрија или во рекламите во весниците. Таквото признание не започнало уште четири години. Во своето издание од 5 април 1913 година, чикашкото списание „Мотографи“ во вест насловена како „Откриени идентитетите на Биограф“ објавува дека „конечно“ Биограф „е подготвен да ги објави своите актери“. Таа вест, исто така, ги информирала гледачите на филмови дека за цена од десет центи можат да купат постер од Биограф на кој биле прикажани имињата и соодветните портрети на 26 од главните актери и актерки на компанијата.

Главниот глумец Херберт Јост во неговиот костим од 19 век, перика, мустаќи и шминка има впечатлива сличност со општиот изглед на вистинскиот писател. Искусен сценски изведувач, Јост го усвоил името Бари О'Мур во неговите рани години работа во филмска индустрија во зачеток. Таа наводна промена на идентитетот е направена за да се разликува неговата кариера во легитимниот театар од „инфериорниот“ медиум на глумата на екранот, каде што пантомимата, а не изговорениот збор, ги дефинирал изведбите. И покрај тоа што Јост го користел своето алтернативно име, име од каков било вид било суштински ирелевантно додека работел за Биограф во 1908 и 1909 година, години во кои компанијата не ги наведувала своите изведувачи. Во достапните продукциски записи од тој период, глумецот не е наведен како Бари О'Мур, туку само како Херберт Јост.

Линда Арвидсон, која ја игра Вирџинија, сопругата на По, во оваа продукција, всушност била сопруга на Д.В. Грифит во тоа време. Всушност, двојката тајно се венчала три години претходно, во 1906 година. Griffith, Linda Arvidson. When the Movies Were Young. New York: Dover Publications, 1969 (reprint of 1925 original edition), p. 19. . Политиката на „Биограф“ да не ги идентификува глумците или екипата се проширила и на Арвидсон и на Грифит, од кои ниту еден не добил заслуги за прикажување на филмот, какво било посебно признание во рекламите за филмот, ниту во која било друга публицитет за Едгар Алан По.

Објавување и промоција десно|мини|210x210пкс|Промоција на филмот со комедијата „Венец во времето“ Само неколку дена пред објавувањето на краткиот филм на 8 февруари 1909 година, „Биограф“ го пласирал на пазарот како „уметничко дело“ што компанијата го продуцирала за да ја одбележи „стогодишнината од раѓањето на [По]“. По речиси две недели, театарот Дикси во Фермонт, Западна Вирџинија, ја окарактеризирал „ сликовната претстава “ во својот весник како „класна“ продукција; и бидејќи „Биограф“, како политика на компанијата, не ги посочил своите актери на екранот ниту ги идентификувала во никакви промоции за своите изданија, менаџментот на театарот едноставно го опишал претставувањето на американскиот „поетски гениј“ како „портретирано од паметни актери од „Биограф“. Неколку месеци подоцна во Џорџија, „Брансвик дејли њуз “ во своето издание од 27 октомври ја објавувиле „големата програма“ таа вечер во локалниот Гранд театар, забележувајќи дека „долгоимениот филм“ ќе биде „еден од биографиите“ најпознати теми насловени како „Едгар Ален По“.“ Весникот „Брансвик“ потоа додал: „Ова е една од најпатетичните љубовни приказни некогаш видени во филмови“. Употребата на терминот „патетичен“ во контекст на најавата за програмата немал намера на никаков начин да даде недостаток на квалитет во прикажувањето на врската на По во драмата. Наместо тоа, терминот бил употребен за да ја нагласи емоционалната моќ на прикажувањето на двојката на екранот и да укаже на успехот на неименуваните актери во изведувањето на тажното сценарио на филмот.

Оригинална хартиена ролна од 1909 година со контактни отпечатоци направени кадар по кадар од сега изгубениот 35-милиметарски главен нитратен негатив на краткиот филм е зачувана во филмската архива на Конгресната библиотека (LOC). Таа хартиена ролна, намалена по големина, била долга само 161 стапки, наместо должината на филмот во полна големина од 450 стапки. Поднесена од Biograph во 1909 година до владата на Соединетите Американски Држави, кратко пред објавувањето на филмот, ролната со хартиени отпечатоци била дел од оригиналната документација што ја барале федералните власти кога филмските компании аплицирале за заштита на авторските права за нивните продукции. Иако евиденцијата за хартиени отпечатоци на библиотеката не била проектирана, негативна копија била префрлена на современ безбедносен филм на база на полиестер, како и позитивна копија за прикажување. Таа работа била дел од обемен децениски проект за зачувување спроведен во LOC во текот на 1950-тите и почетокот на 1960-тите. Проектот, извршен од Кемп Р. Нивер и друг библиотечен персонал, реставрирале повеќе од 3.000 вакви ролни хартија во збирката на библиотеката и повеќето од нив, вклучувајќи го и Едгар Алан По, биле префрлени на безбедносен фонд. Дополнителни копии од овој краток филм се зачувани во разни филмски архиви во Соединетите Американски Држави и Европа, вклучувајќи копија, како што беше претходно забележано, во Филмскиот музеј EYE во Холандија.

Белешки

Наводи

Категорија:Филмови снимени во Њујорк Категорија:Филмови од 1909 година