Баруга (, ) — високопланинска река во Нестрамско, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.
Опис Реката извира од граничен врв на планината Грамошта и тече на североисток. Кај превојот Казан прави остар завој и почнува да тече на југоисток. Прима низа леви притоки кои извираат под врвот Губел (2.251 м). Откако ќе навлезе во шумовито подрачје, таа се упатува на исток, поминува јужно под врвот Петра (1.614 м), па северно од селото Загар се влева во Бистрица (тука наречена Белица) како нејзина лева притока.
По течението на Баруга се наоѓа истоимената шума Баруга, која во 1986 г. е прогласена за споменик на природата со површина од 130 ха.
Поврзано Баруга (шума) Грамошта
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Притоки на Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Грамошта Категорија:Нестрам (општина)