}} Баруга (, или ) — шума и заштитено подрачје на планината Грамошта, во Нестрамско, Егејска Македонија.

Шумата се наоѓа на територијата на Општина Нестрам и зафаќа површина од 130 ха. Низ неа тече истоимената река Баруга. Прогласена е за заштитено подрачје во 1986 г. под името „Фламбуро“, преземено од истоимениот врв под која таа се наоѓа. Според министерството, шумата „е од големо еколошко значење“ и вклучува мешана прашума од бука, ела и црн бор. Вклучена е и во мрежата на биогенетски резервати на Советот на Европа.

Наводи

Категорија:Шуми во Егејска Македонија Категорија:Грамошта Категорија:Нестрам (општина) Категорија:Заштитени подрачја во Грција