Марко Зисо (Омотско, – ?) — мајстор-градител од Костурско, претставник на Брациговската школа.
Животопис Роден е околу 1736 г. во селото Омотско, Нестрамско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Во 1791 г. се преселил во Брацигово заедно со поголем број сонародници. Се занимавал со градежништво. Учествувал во изградбата на мостот на Марица во Пазарџик. Заедно со мајсторот Петар Чомпел, во 1813 г. ја изградил црквата „Св. Недела“ во Батак, Пазарџичко. Во 1818 г. двајцата ја изградиле црквата „Св. Теодор Тирон“ во с. Радилово.
Поврзано
Брациговска школа
Наводи
Категорија:Претставници на Брациговската школа Категорија:Македонски преселници во Брацигово