Фушки Превој (, ) — висок превој на границата помеѓу Нестрамско, Егејска Македонија и Деволско, Албанија.

Опис Превојот се наоѓа во северозападниот дел на Грамошта и ја поврзува долината на Стара Река (притока на Бистрица) во Егејска Македонија со долината на Шара (притока на Девол) во Албанија. По него минувал патот од Фуша за Николица, денес во Албанија. По воспоставувањето на границата меѓу Албанија и Грција на него е сместена граничната пирамида бр. 68.

Поврзано Албанско-грчка граница

Наводи

Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Грамошта Категорија:Нестрам (општина) Категорија:Девол Категорија:Албанско-грчка граница