Падарчовица () или Панаѓурска Ливада () — планинско седло и превој во Неврокопско, на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Се наоѓа меѓу планините Славјанка (Алиботуш) на запад и Стргач на исток. По него минува бугарско-грчката граница.

Сместен е на надморска височина од 770 м, на еден километар јужно од Нова Ловча. На запад е врвот Свети Константин на Славјанка, а на исток е Асанов Врв на Стргач. Дното на седлото е широко и рамно — дел од стариот долински систем на Палеоместа. Се состои од неогенски седименти. Западните падини се многу стрмни. Почвата е делувиално-ливадска и хумусно-карбонатна.

Поврзано Резерват Али Ботуш

Наводи

Категорија:Планински превои во Пиринска Македонија Категорија:Планински превои во Егејска Македонија Категорија:Бугарско-грчка граница Категорија:Славјанка Категорија:Стргач