Анголската академија на литературата (AAL) — приватно, непрофитно здружение од културен и научен карактер кое воедно претставува и литературна институција одговорна за објавување дела од голема национална историска и литературна вредност. Воедно и ја презема одговорноста за регулирање на анголската варијанта на португалскиот јазик.

Здружението е од стратешка важност за иднината и ширењето на португалскиот јазик, како што изјавил португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.

Цели AAL има за цел да се справи со прашања како што се наставата, изучувањето и промоцијата на португалскиот јазик и анголските национални банту јазици, како и односот меѓу нив.Angola: Criada Academia Angolana de Letras. Portal Angop. 27 de abril de 2016.

Историја На 28 март 2016 година, со неговиот статут објавен во Службениот весник Република Ангола бр. 57, Серија III официјално започнало делувањето на здружението со негови конститутивни основачи, анголските писатели Андики Гуера, Антонио Ботељо де Васконселос и Боавентура Силва Кардосо, со првиот претседател на Република Ангола, Агостињо Нето.

Одборот бил формиран на 15 септември 2016 година, составен како што следува:

Претседател на Одборот на Генералното собрание – Пепетела; Заменик-претседател на Одборот на Генералното собрание - Жоао Мело; Секретар на Одборот на Генералното собрание – Хозе Луис Мендонса; Претседател на Управниот одбор – Боавентура Силва Кардосо; Заменик-претседател на Одборот на директори – Луис Канџимбо; Член на Управниот одбор – Росарио Марселино; Претседател на Научниот совет - Пауло де Карваљо; Претседател на Фискалниот совет – Хенрике Лопес Гуера; Секретар на Фискалниот совет – Алмериндо Јака Џамба; Известувач на Фискалниот совет – Антонио Кино.

Првиот избран претседател на здружението бил Боавентура Силва Кардосо, кој ја извршувал функцијата од 2016 до 2020 година, а на функцијата претседател на здружението го наследи Пауло де Карваљо.

Членови Анголската академија на писма се состои од 43 членови (уште наречени бесмртници), сметајќи ги, при нејзиното основање, сите живи членови-основачи на Анголскиот сојуз на писатели.

При неговото основање, само двајца бесмртници биле жени, Марија Еугенија Нето и Ирене Гера Маркес, а Фатима Виегас зазела место подоцна.

Местото број 43 му припаѓа исклучиво на Агостињо Нето и секогаш треба да остане слободно во негова чест.

Наводи

Категорија:Книжевни друштва