Еспиритосантска книжевна академија (португалски: Academia Espírito-santense de Letras акроним AEL) — бразилско книжевно друштво со седиште во Виторија, Еспирито Санто создадено во 1921 година со цел да се промовира истражувањето, дисеминацијата, а воедно и националната и меѓународната размена на литературата од јужен Бразил.

Историја Академијата била основана во 1921 година од Афонсо Клаудио де Фреитас Роса, Аларико де Фреитас, Сезефредо Гарсија де Резенде, Аристу Борхес де Агиар и други значајни личности.

Академијата имала за цел: да ја поттикнува и негува културата; да го промовира создавањето културни здруженија; да го промовира и охрабрува читањето и создавањето библиотеки; да организира литературни натпревари; да одржува размени со други здруженија; да учествува во проекти насочени кон културна интеграција и да спроведува истражувања со цел литературен развој на државата Еспирито Санто.

Меѓу личностите кои биле дел од академијата се писатели, истражувачи, правници, професори и новинари, а воедно и политичари, воени лица, верски лица, државни службеници, бизнисмени и либерални професионалци, сите заинтересирани за културата и литературата, како што се Анџелина Муњиз-Хуберман, Консеисао Еваристо, Аристобуло Барбоса Леао, Карлос Нехар, Херонимо Монтеиро, Жоао Климако, Грацијано Невес и други.

Тековни членови Од јуни 2024 година, сегашните членови се: Бернадет Лира Хорхе Елиас Нето Освалдо Овидио дос Сантос Франциско Гријо Самуел Мачадо Дуарте Франциско Аурелио Рибеиро Рената Бомфим Жоао Баптиста Херкенхоф Ромуло Фелипе Јонас Реис

Евандро Мореира Габриел Аугусто де Мело Битенкур Адилсон Вилача де Фреитас Алваро Хозе дос Сантос Силва Маркос Таварес Карлос Нејар Фернандо Акиаме Хозе Карлос Матеди Неида Лусија Мораеш Умберто Дел Маестро

Оскар Гама Леонардо Пасос Монардим Марија дас Грасас Силва Невес Луиз Бусато Педро Ј. Нунес Хозе Роберто Сантос Невес Естер Абреу Серџо Бицото Песоа де Мендонса Жоао Гуалберто Мореира Васкончелос Ванда Алкмин

Итало Кампос Џосина Нунес Драмонд Гетулио Невес Метузалем Дијас де Моура Маркос Андре Малта Дантас Даглас Пупин Фабио Дафлон Магда Лугон Хозе Игнасио Фереира Анаксимандро Аморим Исто така, постојат неколку дописни членови низ целиот Бразил и во други земји:

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Книжевни друштва