Moltkia petraea — вид на растение од родот Moltkia, кое расте и во Македонија.
Опис
Мала, џуџеста грмушка, 10–30 цм висока. Стебленцето вертикално, со крути, исправени гранчиња, покриени со густи белузлави, прилегнати четинести влакненца. Листовите линејни или издолжено-копјести, затапени до слабо заострени, 10–50 мм долги, 1–6 мм широки, со проретчени четинести влакненца и зелени од горната страна, со густи четинести влакна и белузлави, од долната страна. Рабовите на листовите повеѓе или помалку се свиткани. Цветовите со прицветни листови, собрани во врвни или странични куси, густи срповидни соцветија. Чашката при цветањето е 2,5–3,5 мм долга, при формирањето на плодот е 3,5–4 мм долга, до основата всечена на 5 линејни сегменти, со густи кукести влакна во основата, чашкините сегменти не отпаѓаат. Венчето е 6–7 мм долго, цилиндрично обратноконусовидно, темносино, со 5 триаголни венечни сегменти, околу 1,5 мм долги; проширениот дел од венчето со дијаметар од 3–4 мм. Филаментите 6,5–8 мм долги, малку излегуваат надвор од венчето; антерите се околу 1,5 мм долги, не се заострени. Оревчињата обично се единични, 2,5 мм долги, 1,8 мм широки, јајцевидни, од горната страна испакнати, со вентрален гребен, најчесто мазни и сјајни.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 101-102 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Во Македонија Расте по варовнички камењари и карпи. Многу ретко растение во Македонија, познато само за клисурата на реката Црн Дрим, помеѓу Струга и Дебар, во околината на селото Луково.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија