Alkanna tinctoria — вид на растение од родот Alkanna.
Опис
Повеќегодишно тревесто растение 10–40 цм високо. Стебленцата поретко се поединечни, најчесто во голем број, полегнати или се издигнуваат, со долги четинести влакна што стрчат и со куси прилегнати влакненца, без жлездести влакна. Базалните листови се линејно-копјести, 3,5–9 цм долги, 0,3–1 цм широки, во основата постепено стеснети, препокриени со густи прилегнати куси влакненца и со долги четинести влакна; стеблените листови издолжено линејно-копјести, копјести до елиптичнокопјести, во основата проширени, приседнати 0,8–2,5 цм долги, 0,1–0,4 цм широки, со густи куси прилегнати влакна и долги четинести влакна. Цветовите се развиваат во пазувите на линејни или линејно-копјести прицветници кои се со еднаква должина или малку подолги од чашката, собрани во почетокот во куси, густи срповидни соцветија, кои при формираwе на плодот силно се издолжуваат. Чашката при цветањето 4–5 мм долга, при формирањето на плодот малку се издолжува, со четинести влакна што дополу или целосно стрчат и со прилегнати куси влакненца, без жлездести влакна. Венчето сино, од надворешната страна голо, венечната трубичка со еднаква должина како и чашката или малку подолга; дијаметарот на про{ирениот дел од венчето 6–7 мм. Оревчињата се околу 2 мм долги, со долг свиткан клуновиден дел со мрежесто- брадавичаста површина.
Во Македонија Расте по брдските пасишта, 150–900 м, на силикатна и варовничка подлога.
Познат за Кратовско, Штип, Исар, Кочани, Радовиш, Демир Капија, Удово, Валандово, Гевгелија, Негорски Бањи, Богданци, Стојаково, Дојран, Прилеп, Мариово, Битола, Кавадарци, Скопска Црна Гора.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 105-106 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа