Alkanna primuliflora — вид на растение од родот Alkanna.
Опис
Повеќегодишно тревесто растение, 10–30 цм високо. Стеблото вертикално или се издигнува, со долги четинести влакна што стрчат, со куси прилегнати прости влакна и со жлездести влакна. Базалните листови се линејни или линејно-копјести, 30–40 мм долги, 3–6 мм широки, препокриени со четинести влакна на брадавичести израстоци, како и со покуси прости и жлездести влакна; стеблените листови издолжено-копјести, приседнати, 8–25 мм долги, 2–4 мм широки, со слична влакнавост како и базалните листови. Цветовите се развиваат во пазувите на тесно копјестите или линејно-копјестите прицветници кои се со еднаква должина или малку подолги од чашката, собрани во куси срповидни соцветија кои при формираwето на плодот се издолжуваат. Чашката 4–5 мм долга, при формираwето на плодот малку се издолжува, густо препокриена со стрчести или полустрчести четинести влакна и со жлездести влакна. Венчето жолто, од надворешната страна голо, венечната трубичка малку подолга од чашката или со еднаква должина, дијаметарот на проширениот дел од венчето 5–7 мм. Оревчињата 2–3 мм, со брадавичести израстоци.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 104 издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Во Македонија Расте по суви, брдски пасишта, варовнички камењари, во низинските делови.
Познат е за Таорска Клисура, се посочува за Струмичко, Водоча, Валандово, покрај реката Вардар, од Велес до Гевгелија и Дојранско.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Флора на Македонија