Карл Хол (; 15 мај 1866 — 23 мај 1926) — германски професор по богословие и црковна историја во Тибинген и Берлин. Тој се смета за еден од највлијателните црковни историчари од неговата ера.
Живот Карл Хол студирал филозофија и богословие на Тибингер Штифт. Додека служел како свештеник во Виртемберг, докторирал и станал главен предавач (Repetent) на Тибингер Штифт во 1891 г. Од 1894 г. бил активен како истражувачки асистент во Пруската академија на науките.
Ја завршил својата хабилитација во 1896 г. на теолошкиот факултет во Берлин. Во 1901 г. станал вонреден професор по црковна историја на Универзитетот во Тибинген, а од 1906 г. бил редовен професор на Универзитетот во Берлин. На 17 декември 1914 г. бил примен како полноправен член на Пруската академија на науките. Неговиот гроб се наоѓа на Југозападните гробишта Штансдорф во близина на Берлин.
Работа Богословскиот развој на Карл Хол се одликува со погледот на „Тибингенската школа“. Тој објавил бројни проучувања за Мартин Лутер, кои дале темелен придонес во науката и останале важни до денес. Делата на Хол го толкуваат лутеранскиот религиозен концепт како „религија на совеста“ () и помогнале во поттикнувањето на т.н. „Лутерска ренесанса“. Тој ја вратил доктрината за оправдување во центарот на богословието.
Тој е опишан како „можеби најголемиот научник за Лутер на своето колено“.
Избрани дела Die Sacra Parallela des Johannes Damascenus (1897) Die Rechtfertigungslehre im Licht der Geschichte des Protestantismus (1906) Gesammelte Aufsätze zur Kirchengeschichte I: Luther (1921) Augustins innere Entwicklung (1923) Gesammelte Aufsätze zur Kirchengeschichte II: Der Osten (1927/28)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Германски теолози Категорија:Германски историчари Категорија:Членови на Пруската академија на науките Категорија:Професори на Хумболтовиот универзитет Категорија:Професори на Тибингенскиот универзитет Категорија:Родени во 1866 година Категорија:Починати во 1926 година