Иваншчица (викана и Иванчица) — највисоката планина во северозападна Хрватска, сместена во Хрватско Загорје, висока 1060 м. Се протега во правец запад-исток, долга околу 30 км и широка 9 км, а се граничи со водотеците Бедња, Горна Лоња, Крапина и Велики Поток.

Денес, Иваншчица е дом на Планинарскиот дом „Иванчице“ од Иванец на надморска височина од 1054 м. Именуван е по хрватскиот родољуб, планинар, писател и новинар, Јосип Пасариќ.

Планинарскиот дом и металниот видиковец биле отворени на 1 септември 1929 година, а биле изградени од планинари од Иванец и Вараждин.

Во предосманлиското и османлиското раздобје, имал важна стратешка улога. Бил дом на низа одбранбени тврдини изградени од 13 век па наваму. По завршувањето на османлиската закана, многу тврдини биле напуштени или претворени во дворци. На јужните падини на Иваншчица, овој одбранбен синџир ги вклучува Лоборград, Градина кај Лобор, Оштрчград, Белецград, тврдината Жидовина, Миленград, Градишче, Готаловец и Гребенград, а на северните падини, Лепоглава, Градишче кај Маргечана, Иванец и Бела.

Наводи

Надворешни врски За Иванчица 25 ноември 2015 година (Wayback Machine)

Категорија:Координати на Википодатоците