Дива леска (науч. Corylus colurna) — листопадно дрво домородно на Евроазија.

Распространетост и живеалиште Води потекло од југоисточна Европа и југозападна Азија, од Балканот преку северна Турција па се до северен Иран.

Во Македонија најчесто се развива на варовник и по карпести места. Често се среќава заедно со бука, и тоа на појас од 1000 до 1400 метри надморска височина. Главно се среќава во западниот дел на Македонија.

Опис Претставува голем вид леска, која достигнувајќи висина од 25м, а во ретки примери и посебни услови до 33м, со дебело стебло во дијаметар до 1м и во ретки примери до 1.6м.

Круната е тенка и конусна кај младите дрвја, а со возраста станува поширока и неправилна, додека кората е бледо сива - кафеава, со густа, плутена текстура. Кај младите дрвја, главните гранки се доста мали по дијаметар во однос на праволиниското стебло и се издигаат под агол од речиси 90 степени.

Ова го прави дрвото погодно за урбани услови и помага во одржувањето на симетрична круна, што е популарно кај пејзажните архитекти. лево|мини|Гранче во јануари со машки (жолтеникаво-кафеави) и женски (црвени) ресички Листовите се листопадни, заоблени, и долги 7-13 см и со пречник 6-14 см со меки влакна на обете површини, и со груб двоен раб кој е назабен до плиток лобус.

Пупките се јајцевидни, бледокафеави и цветови кои се создаваат кон крајот на зимата или раната пролет пред лисјат. Видот еднодомен, со поединечни еднополови ресички, но двата пола на истото дрво (и често на истата гранка).

Машките ресички се впечатливи, бледо жолти и во должина 5-10 см, а женката е многу мала и незабележлива и во голема мера скриена во пупките, со само светло црвените стилови видливи во должина 1-3 мм.

Плодот е јаткаст и може да биде познат како турска леска. Има должина од околу 1 см до 2 см, опкружен со дебела, меко бодликава и влакнеста обвивка (лушпа) со дијаметар од 3см кој ги опфаќа сите освен врвот на оревот и се раѓаат во тесни гроздови од 3-8 заедно, со обвивки споени во основата.

Плодот созрева во септември до октомври и е јадлив со вкус кој е многу сличен на обичната леска, но е помал и има подебела обвивка од орев.

Тие повремено се собираат од дивината, како и од урбаните дрвја, но нивната мала големина (помала од обичните лешници) и многу тврда, 3 мм дебела обвивка од орев ги прави со мала или никаква комерцијална вредност, но е сепак важен во комерцијалните овоштарници со лешници, бидејќи не цица, што го прави идеална подлога на која се калемеат вообичаените сорти лески што носат јаткасти плодови.

Производството на јаткасти плодови е нередовно и се јавува на секои 2 до 3 години

Корен Лешникот има влакнести корени кои не се случајни, што значи дека не формираат мускулници и го прав пожелен за калемење на подлогата над дрвја со едно стебло што овозможува да се одгледува во посиромашни и каменести почви.

Одгледување Диват леска има средна стапка на раст и е повремено отпорен на суша и алкална почва, но сепак, претпочита влажна, добро дренирана почва, како и целосно сонце, а откако ќе се зацврси може да толерира топлина, студ и суша и воедно нема сериозни штетници или проблеми.

Леската не е лесна за пресадување и треба дополнително наводнување во лето по пресадувањето. Исто така се потребни околу 2 години по пресадувањето за дрвото да се вкорени и да преживее самостојно.

Corylus colurna ја доби наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.

Размножување Најчестата форма на размножување е со семе и најдобро е да се сее веднаш штом ќе се собере на есен во ладна рамка. Семето ќе 'рти кон крајот на зимата или напролет, а ако се почнува со складирано семе, семето треба претходно да се натопи во топла вода 48 часа, а потоа да се остави 2 недели топло, па 3 до 4 месеци во ладна стратификација што ќе му овозможи на семето да 'рти за 1 до 6 месеци ако се чува на 20°C.

Откако садниците ќе станат доволно големи за ракување, се собираат во индивидуални саксии и се одгледуваат во ладна рамка или заштитено место на отворено за нивната прва зима и може да се садат на нивните трајни места кон крајот на пролетта или почетокот на летото.

Употреба Освен неговата употреба како подлога со едно стебло за обичната леска, таа е воедно и широко одгледувана како украсно дрво ширум Европа и Северна Америка и е многу толерантна на тешки услови за одгледување во урбани средини, што во последните децении ја зголемила својата популарност во урбаните шеми за садење.

Дивата леска е дрво кое дава добра сенка бидејќи произведува густа сенка, а нејзината тесна круна и способноста да издржи загадување на воздухот ја прават погодна за употреба како улично дрво во урбани средини или како примерок од дрво во паркови и дава прилично формален став во пејзажот поради тесната, постојано обликувана, тесна круна. Други употреби во пејзажот се за овошје, тешки и суви места и природни области.

Галерија

Поврзани видови Сличен вид Corylus jacquemontii, некогаш сметан за сорта на Coryllus colurna, се наоѓа како див во шумите на Западниот Хималајски венец во северната индиска држава Химачал Прадеш, особено во умерените региони на областите Кулу, Шимла, Кинаур и Чамба.

Наводи

Надворешни врски

Corylus colurna - информации, единици за генетска конзервација и сродни ресурси. Европска програма за шумски генетски ресурси (EUFORGEN)

Категорија:Флора на Црна Гора Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Леска Категорија:Незагрозени видови според МСЗП