Dianthus moesiacus — вид каранфил од родот Carnation и семејството Caryophyllaceae. Опис и распространетост Dianthus moesiacus претставува многугодишно бусенесто растение со височина до 60 см. Стеблото е речиси четириаголно со пепеласто сива боја. Листовите се сиви, влакнести, малку груби и при основата на стеблото имаат ширина околу 0,25 мм. Соцветието има многу цветови. Прицветниците се издолжено јајчести, кожести, нагло стеснети во оска. Чашката е долга 10—13 мм и широка 1,5—2 мм, во средниот дел проширена. Венечните листови се пурпурни, линеарно лопатести, елиптично или издолжено јајчести со должина 3-5 мм. Видот е опишан од ботаничарите Роберто де Визијани и Јосиф Панчиќ.

Расте по тревни и каменести места. Во Македонија се среќава на планината Голак.

Видот е поделен на следниве подвидови: D. m. grancarovii D. m. moesiacus D. m. sevlievensis D. m. skobelevii Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Каранфил Категорија:Флора на Македонија