Водно оревче (науч. Trapa natans) е широко распространет вид цветно растение од родот со исто име, Trapa, семејство Lythraceae, кое се одгледува како прехранбена култура.

Тоа е пловечко едногодишно водно растение, кое расте во бавно движечка слатка вода со длабочина до 5 метри, по потекло од топлите умерени делови на Евроазија и Африка. Раѓа рогасти плодови. Секој плод содржи едно големо семе. Во Кина и на индискиот потконтинент се одгледува поради јадливите семиња најмалку 3.000 години.

Опис Водното оревче формира лебдечки розети од лисја до околу 50 см во пречник. Тоа е годишно растение во плитка, бавно течечка слатка вода, со потопено стебло до околу 2 метри, вкоренетио во долната кал и со тенки листови. Површинските листови се во форма на дијамант.

Цветовите имаат 4 бели до розови ливчиња, долги до 10 мм, 4 чашки, 4 прашници и еден толчник. Цветовите се главно самооплодувачки, повремено опрашувани од инсекти.

Наводи

Надворешни врски

Профил на видот - водно оревче ( Trapa natans ), Национален информативен центар за инвазивни видови, Национална земјоделска библиотека на САД.

Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Филипините Категорија:Флора на Кина Категорија:Флора на Иран Категорија:Флора на Казахстан Категорија:Флора на Судан Категорија:Флора на Чад Категорија:Флора на Нигерија Категорија:Флора на Буркина Фасо Категорија:Флора на Гвинеја-Бисао Категорија:Флора на Гамбија Категорија:Флора на Тунис Категорија:Флора на Алжир Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Флора на Македонија