Polystichum aculeatum е зимзелена папрат автохотна за Европа. Најзастапена е во планинските региони на Британски Острови и западна Франција, каде што и одговара комбинацијата на благи зими и влажни лета, но се јавува и локално низ поголемиот дел од Европа, освен во северна Скандинавија и северна Русија а во медитеранскиот регион е ограничена на големи надморски височини. Расте на стрмни падини во шумите. Понекогаш се смета за индикатор на постоење на древни шуми.
Опис лево|мини лево|мини|Во Тан, Швајцарија Сјајните темнозелени лисја се долги 30–90 см, обично виснати надолу, со типично 3-8 листови кај зрело растение. Листовите се крути и со тврда текстура, двоперести (едноперести кај мали, млади растенија), со перките спротивни на стеблото. Секоја перка е 3-11 см должина, со голема нагоре насочена перка во основата, а другите перки се намалуваат во големина кон врвот на перката; перките имаат влакнести врвови. Поединечните листови живеат 1,5-2,5 години и остануваат прицврстени за ризомот откако ќе овенат. Тркалезните спори зафаќаат два реда од двете страни на средното ребро на секоја перка и се покриени со централно прикачен, индусиум со ресички рабови. Тие произведуваат светло жолти спори.
Употреба Polystichum aculeatum се одгледува како украсно растение во градините. Тоа ја добило наградата за градинарски заслуги на Кралското хортикултурно друштво.
Распространетост Растението може да се сретне во окрузите Даун, Антрим и Лондондери во Ирска, како и низ Британските Острови и Европа, освен во северните земји. Се среќава во планински варовнички сипари во Јура и Алпите, како и на алпски и субалпски варовнички карпи.
Во Македонија Во Македонија расте по шумите и каменливите влажни места на планините. Познат за планините: Скопска Црна Гора, Шар Планина, Рудока, Јакупица, Кораб, Дешат, Бистра, Галичица, Пелистер и Кожуф, а се посочува дека е видено растението на Стогово, Беласица, Бабуна, Бигла, Мајдан и клисурата на реката Тополка.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 66, МАНУ, Скопје, 1985
Наводи
Категорија:Флора на Либан Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Ирска Категорија:Флора на Велс Категорија:Флора на Франција Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија