Euphorbia prostrata е вид на млечка.

Потекнува од Карибите и одредени делови на Јужна Америка. Натурализиран е во многу делови од светот, каде што може да се најде во различни типови живеалишта и во многу области расте како плевел.

Опис Euphorbia prostrata е едногодишно влакнесто растение, силно разгрането, со гранчиња прилегнати кон површината на почвата. Гранчињата до 20 цм долги. Стебленцата обично во основата голи а во горните делови влакнести, во поголемиот дел кафеави или црвеникаво-кафеави, а на врвот зелени.

Листовите наспрамни, обратно-јајцевидни до долгнавесто-јајцевидни, асиметрични, 5-10 мм долги, 4-6 мм широки, на врвот тапи, заокруглени, по работ ситно напилени, и тоа особено во горната половина, поретко целокрајни, во основата едната половина заокруглена а другата постепено се стеснува. Горната страна е гола а долната влакнеста. Лисните дршки се многу куси, прилисниците триаглести до копјести, 0,5-1мм долги.

Циатумите поединечни, тесно ѕвонести, зелени со ретки влакна, жлездите трансферзално-јајцевидни, пурпурни и со многу тесен розов додаток.

Кутијката триаглеста, гола, со долги влакна само по рабовите, жолтеникаво-зелена, а по рабовите честопати виолетова.

Семките се сиви, околу 1 мм долги, јајцевидно-четриаглести.

E. prostrata е слична и на Euphorbia maculata и на Euphorbia serpens, но таа е влакнеста на листовите и стеблата, додека овие два вида се често мазни. Се разликува од E. maculata по своите помалку издолжени и помалку копјести листови. E. serpens, пак, има многу позаоблени листови од E. prostrata со релативно поголеми и позабележителни цветови. Цветовите на E. prostrata обично не ги покажуваат белите „ливчиња“ што се гледаат кај E. serpens или E. maculata и затоа цветовите се тешки за откривање кај првиот вид. Само E. maculata покажува темни дамки во центарот на секој лист, но ова не е секогаш присутно кај тој вид.

Медицинска употреба Екстрактот од Euphorbia prostrata е ефикасен третман на крварење од хемороиди поради тоа што содржи флавоноиди, феноли и фенолни киселини.

Распространетост во Македонија Ова растение во Македонија најчесто се среќава покрај патиштата, во с. Миладиновци, Скопје; пред с. Градско, Велес, помеѓу Неготино и Демир Капија, како и во клисура (Демир Капија).

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Jepson Manual Treatment USDA Plants Profile Photo gallery

Категорија:Флора на Карибите Категорија:Млечка (растение) Категорија:Флора на Македонија