Блед жедник () — вид цветно тревесто растение кое припаѓа на родот жедник (Sedum) од семејството дебелци (Crassulaceae). Видот за првпат е опишан од германскиот ботаничар Фридрих Август Маршал фон Биберштајн.
Опис и распространетост Ова може да биде едногодишно, двегодишно или повеќегодишно, високо 5-15 мм, најчесто разгрането од основата, со странични гранчиња кои се делумно расперени и можат да бидат тенки или подебели. Стебленцата при основата најчесто немаат влакна или имаат ретки жлездести влакна, кои стануваат многу погусти во горните делови. Листовите се без влакна и задебелени, распоредени спирално, долги 5-30 мм, полуцилиндрични и странично расперени; со иста големина се јавуваат и по цветните цимозни гранчиња, па изгледа како цветовите да излегуваат од пазувите на листовите; во основата немаат шилест израсток. Цветовите се составени од 5 делови, групирани по 4-8 во повеќе цимозни гранчиња, меѓусебно прилично оддалечени, со многу кратки дршки или директно прилепени. Ливчињата на чашката се долги 1-2 мм, триаглести, заострени на врвот, зелени и со ретки жлездести влакна. Венечните ливчиња се бели или светлорозови, со розова или црвена средна жилка, долги 4-5 мм, копјести, исправени или расперени, врвот постепено се стеснува во долго тенко врвче, а по средната жилка на долната страна има жлезди. Има десет прашници; филаментите се тенки, ресести, бели, а антерите се виолетови. Мешунчињата се делумно расперени, пократки од венечните ливчиња, заострени на врвот и со многу ретки жлездести влакна. Столпчињата се долги 0,5-0,7 мм.
Во Македонија расте на варовнички и серпентински каменливи терени. Се среќава во Струмичкиот регион, кај селата Габрово и Колешино.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Жедник Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа